Модерни Марфиеви Закони (прв дел)

Friday, February 01, 2013

Нов месец, нов блог, нов пост, нов почеток.

Веќе кога ми тргна деновиве да твитам за Марфи, решив да го посветам појот прв пост целосно на него и на сите оние кои секојдневно, заради него, се наоѓаат во истите заебани ситуации.
  1. Кога навистина брзаш некаде, сите семафори ги фаќаш на црвено.
  2. Омилената песна на радио ја пуштаат баш тогаш кога мора да излезеш од кола.
  3. За се што си штедел ќе биде распродадено во моментот кога ќе бидеш при пари.
  4. Конечно имаш време за да излезеш, никој не е слободен.
  5. Немаш кафе дома утрото кога претходната вечер си претерал со пиење.
  6. Убаво искомбинирана облека и совршена шминка, а си поминуваш тапа.
  7. Ти снемува интернет на 99% од даунлоадот.
  8. Најдобрата журка се случува вечерта пред твојот најбитен испит.
  9. Косата ти е најубава кога не мора да излезеш од дома.
  10. Совршено испеглана коса, надвор почнува да врне.
  11. Најдобрите твитови ти текнуваат кога го немаш телефонот во близина.
  12. Секогаш кога не можеш да јадеш, размислуваш само на храна.
  13. Секогаш кога не можеш да јадеш, дома се готви најубавата храна.
  14. Секогаш кога имаш доволно слободно време, се разболуваш.
  15. Секогаш кога имаш доволно слободно време, немаш инспирација за твитање.
  16. Во моментот кога конечно најудобно си се наместил и си ја погодил совршената положба, тогаш сфаќаш дека ти се приодува во тоалет.
  17. Телефонот ти се губи по дома само кога ти е на сајлент.
  18. Во моментот кога конечно удобно си се наместил и си ја погодил совршената положба, сфаќаш дека ти го нема далечинското.
  19. Секогаш кога нарачуваш различно од другиот, тој го има поубавото јадење.
  20. Кога спушташ повеќе нови епизоди, првата од нив што треба да ја гледаш секогаш се спушта последна.
(продолжува..)

You Might Also Like

0 comments