за #љубов, мојот најомилен хаштаг.
Wednesday, February 13, 2013Порано, кога бев помала, се чувствував како изрод. Понекогаш и им се лутев на моите дома затоа што се чувствував така. Бев израсната во средина каде што се развива хармонија и меѓусебна почит. Бев опкружена со толку многу љубов, што кога излегов од дома да ја побарам за себе, се соочив со нешто сосема различно. Се изгубив во свет каде што повеќе никој не верува во нешто за кое јас бев убедена дека постои. Сум го видела со свои очи и сум го почувствувала на свое срце неколку пати, и не беше фер да прават емоционална будала од мене. А сепак им дозволував.
Со тек на време престанав да се жртвувам себе за секоја скршена личност на која што ќе наидев. Понекогаш сакав да бидам хард кор, се до моментот кога не сфатив дека јас сум хард кор со самиот факт дека сум дозволила да бидам човек кој има емоции кој е способен да ги сподели со другите. Многу ми е жал за сите оние што сеуште се кријат зад своите високи ѕидови чувајќи ги своите слабости во пандорини кутии. Само сакам да ве информирам дека она што не прави непобедливи, се нашите слабости. А тоа што ги игнорирате, не значи дека не постојат.
Тоа што постојат неуспешни врски, не значи дека немало љубов. Според мене, има различни видови на љубов: прва, наивна, брза, кратка, мазохистична, реалистична.. Секоја на чекор поблиску до онаа, вистинската. Некои имаат среќа да ја најдат на почетокот, некои ја оставаат за на крај. Некои ја испуштаат шансата дали од страв дали од незнаење дека можеби им е единствена. А можеби и не била доволно силна за да биде спасена. Има секакви видови љубов, не значи дека едни треба да бидат помалку почитувани од други. И не значи дека на првиот неуспех треба да се откажуваме, за онаа вистинската треба многу труд и внимание.
0 comments