Што научив од депресивните филмови што толку проклето сакам да ги гледам?
Thursday, February 07, 2013Now Is Good
Животот е моменти, еден кој води кон друг. И овој сега поминува.
Животот е краток. Можеби е време да престанеме да се трошиме на безначајни глупости.
Животот е онаков каков што ние ќе се го направиме, затоа што секогаш имаме избор.
Некои работи мора да се случат, без разлика дали одбиваме да го прифатиме фактот. Наше е да се соочиме со тоа и да направиме што е можно повеќе со она што ни е дадено. Оние што го напуштиле светов, се сеуште со нас, и еден ден повторно ќе ги сретнеме, а дотогаш можеме само да ги направиме горди.
Она што сакаш да го направиш, направи го сега. Не знаеш што те очекува во следниот момент.
Не знаеме што ќе се случи утре, но затоа го имаме денес, го имаме овој момент, и тоа е најбитно.
Живеј со ширум отворени очи, можеби баш она што ти требало, било постојано пред тебе.
Remember Me
Кај и да си, таму си со причина.
Се што ќе направиш во животот ќе биде безначајно, но мора да го направиш, бидејќи никој друг нема да го стори тоа за тебе. Сите оставаме отпечатоци, затоа треба да дадеме се од себе за тие никогаш да не исчезнат и да остават по себе прекрасни спомени и донесат само добри промени.
Забелешка:
Ова е реалноста. Иако сите посакуваме среќен крај, понекогаш едноставно тоа не зависи од нас. Можеби затоа толку многу ги сакам филмовите без среќен крај.
Ме потсетуваат дека се што имам е сега и тука.
0 comments