Неколку работи кои треба да ги знаете пред да направите фејк профил на фејсбук.

Wednesday, April 17, 2013

Се започна со малку необична порака на фејсбук. Откако ја игнорирав првата, стигна и втората.

Ако ми пишеш на чет, особено ако е арогантна или перверзна содржина, дали би помислил дека нема да проверам кој си? Дали навистина помислуваш дека нема темелно да ја проверам секоја можна информација која ми ја нуди интернетов? Убаво не учеа ко мали, никогаш не разговарај со непознати.

Ко за почеток, отварам профилна фотографија. И што да видам, нормален тип. Сигурно приказната не завршува тука, вртам понатаму. Фотографија од мотор, друга фотографија од мотор, фотографија од сурфер. Дали навистина ќе помислиш дека некој ќе поверува дека си ти на тие фотографии, а и ете, ако си толку авантуристички беспрекорен, тие фотографии, со таков квалитет, без дополнителни низа коментари под нив? Едвај неколку лајкови имаш собрано, од претпоставувам наивни девојчиња, или соучесници или од друѓи браќа фејк профили. И да се заврши беспрекорно совршената колекција на неколкуте профилни фотографии, за крај фотографија од истиот тип ко на првата. Колку да не е дополнително сомнително.

Следно, профилот е од пред неколку години, а воопшто нема постови од други личности, освен од една, која очигледно и таа е сопственик на фејк профил. Никој не е до толку антисоцијален. Мора да си тагнат барем на некоја слика, некаде низ универзумов. Ѕидот ќе беше празен да не беа небитните, неутрални споделени статии, ретки и непромислени.

И за крај, од чисто љубопитство, ти ја пребарувам фотографијата на гугл.

гугл знае се.


Добивам некој рандом италијанец на непозната страна за состаноци. Неиновативно, морам да признаам. Зашто некогаш сум те прифатила, сеуште ми е мистерија. Можеби дека во заеднички имаш мои поблиски пријатели па да сум била фина и културна, можеби некако се познаваме.

И ете така завршува мојата детективска занимација. Се исплатеше гледањето Catfish. Ме остави само со прашањето, зашто? Зашто некој, таму некаде, прави лажен профил за да комуницира со останатите? Профилот ми е приватен па добиваш шанса да ме демнееш, да ме следиш во настаните? Ако си толку љубопитен, следи ме на твитер, таму споделувам се, плус не е заштитен. Не мораш кукавички да се криеш позадитуѓа фотографија и лажно име. А ако ти е досадно, и ова го правиш од занимација, жал ми е за тебе. Најди си живот, поработи на себе. За промена сконцентрирај се на битните работи во животот и не троши време на непотребно губење време. Благодарам што ми пиша, ме потсети на една многу битна работа.

Adios amigo. Block Delete.

You Might Also Like

1 comments

  1. My compliments for your blog and pictures included,I invite you in my photoblog "photosphera"

    CLICK PHOTOSPHERA

    Greetings from Italy

    Marlow

    ReplyDelete