Нов месец и мали промени.

Saturday, June 01, 2013

Толку многу непотребни информации апсорбираме во нашите глави секојдневно, што понекогаш едноставно ми е потребно малку мир и тишина. Ме деконцентрира тоа од што немам никаква корист. Навистина не чувствувам потреба да бидам толку многу изложена на секакви случувања за кои навистина немам интерес, не барем во моментов. Залудно непродуктивно потрошено време кое никогаш нема да можам да го вратам. Драгиот наш пријател Марк Цукерберг одиграл навистина паметно кога ги конектирал сите точки со една линија и создал масивна социјална мрежа на која секоја потребна информација е достапна само со еден клик. 


Го избришав фејсбукот.
Зашто, да не ти се случило нешто?

Тоа беше реакцијата која ја добив кога ги информирав домашните за мојот голем чекор. Бев изненадена, најискрено. Зашто му даваме толкаво значење на еден медиум создаден за комуникација? Да, не информира, но која е цената што ја плаќаме за таа услуга? За мене е превисока, па затоа се повлекувам.

Дојдов до еден заклучок. Да активираш фејсбук профил е далеку полесно одколку да деактивираш. Буквално, поминуваш низ толку испрашувања за тоа зашто ја правиш таа дефинитивно „неправилна“ одлука што дури и почнува да те нервира и го бараш најлесниот начин надвор од целата таа ситуација. Сеуште иако си на крајот, ти нудат безброј објаснувања и промени кои можеш да ги направиш за она што не ти се допаѓа, веќе од кога одговараш зашто сакаш да го деактивираш акаунтот. На крај ти ја остава можноста повторно да се логираш само со пишувањето на меилот и лозинката. Па затоа морав да го избришам и меилот. Веќе кога сечам, да сечам до крај.

Не велам дека никогаш повеќе нема да се вратам на фејсбук. Само ми треба малку одмор. И кога ќе се вратам, ако се вратам, ќе имам нов акаунт, со нов меил, и пријатели кои ги знам и познавам. Ќе почнам од почеток и ќе бидам внимателна. Доволно беше, време е да се вратам на основите.

 

You Might Also Like

0 comments