Роденденски чоколадни мафини
Friday, June 28, 2013Оваа година за мојот роденден решив да поминам повеќе време во кујна и се што е потребно да направам лично јас. Бидејќи за жал немам големо искуство, рецептот мораше да биде едноставен и лесен за следење. И иако немав одреден буџет, сакав да биде што е можно поекономично.
За рецептот се обратив на гугл, нели тој знае се. Најдов повеќе различни рецепти и сакав да ја сфатам суштината на мафините за барем во некои сегменти да бидам уникатна.
![]() |
Прва тура, со чоколадо врз мафините. |
Состојќи:
2 јајца
125 грама путер
50 мл. газирана вода
130 грама шеќер
100 чоколадо
230 грама брашно
2 супени лажици какао
1 пециво
1 ванилен шеќер
Смесата е доволна за од прилика 18 сочни мафини.
![]() |
Втора тура, со чоколадо во тестото. |
Подготовка:
За почеток ги матиме јајцата и шеќерот со миксер, па потоа го додаваме путерот кој е исецкан на поситни парченца (за да се измати полесно) и газираната вода и продолжуваме да матиме. Се добива чудна смеса која треба да се мати додека убаво не се изедначи. Кога ќе завршиме со тоа, земаме посебен сад и го мешаме брашното со пецивото, ванилниот шеќер и какаото па ги додаваме на првата смеса, но овојпат ги мешаме со лажица. Кога добиената смеса ќе биде убваво изедначена, го додаваме чоколатото кое е исечкано на ситни парченца.
Во специјален калап* за мафини поставуваме хартиени корпички*. Смесата од мафините ги ставаме во хартиените корпички, но внимаваме смесата да не биде повеќе од половина, бидејќи подоцна ќе нарасне и ќе се излее од хартијата. Потоа ги поставуваме во веќе загреана релна на 200 степени и ги печеме 15 мин. (:
![]() |
Шаренооооо. ^^ |
Сите состојќи и се што ми беше потребно успеав да ги купам од едно место, од Веро Центар.
*го има и во Веро и во Џамбо
*хартиените корпички ги најдов во Џамбо на вториот спрат
НО, според мене, најважно е да се забавуваш додека готвиш. Љубовта е она што ја прави храната вкусна.
Со среќа и ти посакувам успешна работа!
Крајниот продукт: супер вкус и одлична забава.
ПС. Фала до @simonnanana за прекрасниов колаж и што фотографираше цела вечер со нејзиниот маѓичен телефон. :* И најфала до останатите најблиски што ми го направија денот најсовршен. Ве сакам сите! <3
0 comments