Ми доаѓа роденденот и имам само една желба.

Saturday, June 15, 2013


Заедно да ги поддржиме Dave Stands кои се во трка на отворениот конкурс за настап на изведувачи од Македонија на престижниот Sziget фестивал во Будимпешта за 2014 година, кој веќе со години традизионално се изведува на островот на слободата Хајогиари-сигет.
За оние кои се помалку информирани за ваквиот тип на музика, DS се алтернативен бенд од Скопје формиран во 2011 година кои во март годинава го промовираа тазе деби албумот "The Upward Motion", a инаку започнаа и со работа на новиот материјал.
Гласањето е започнато денес и трае во наредниве 5 дена, а се одвива на главната македонска фб страна на фестивалот Sziget Macedonia Facebook Page


пс. Ех да извадев некој добар хаштаг, па да трендуваше темава.


You Might Also Like

0 comments