Смртоносен тип на #љубов.
Wednesday, July 03, 2013
Оној тип на љубов за кој што очигледно денешните тинејџерки лудуваат. Според мене љубовта не мора да биде опасна за да биде возбудлива. Но, нема да судам. Сите имаме свое право на избор. Ги поддржувам сите видови љубов. Ова се ТОП ТРИ мои моментално актуелни филмови кои ја презентираат безусловната, експлицитна љубов која очигледно нема граници.
Од истата писателка се појавува и книгата The Host со подоцна истоимената филмска адаптација, секако со уште еден тип на невозможна, но сепак моќна љубовна врска помеѓу нормално момче и вонземјанин во форма на душа во тело на човек. Умот на човекот е сеуште присутен во телото и се бори со гостинот, за на крај сите да се среќни и да живеат заедно во мир и љубов.
Најновото од ваквиот тип на љубов е нешто што длабоко ме повреди со оглед на фактот дека обожавам зомби филмови. Не сум сеуште сигурна дека сакам да го гледам филмов, иако е веќе спуштен и спремен за гледање. Како и да е, се работи за мртов човек нели, зомби кој се заљубува во нормална девојка која се бори за опстанок на човештвото, но дали нивната силна и непобедлива љубов ќе биде доволна, сега за сега се надевам дека нема.
I am simple good old Left 4 Dead, The Walking Dead, Underworld & Resident Evil kind of girl.
0 comments