Во потрага по совршеното кафе.

Saturday, July 27, 2013


фредо капучино и лед со сируп од јагода 
Не знам колку од вас би знаеле но јас бев опасен, хроничен, страствен пијач на кафе. Хиперактивна по природа, тоа додаваше една сосема нова, далеку повисока нота на моето хаотично однесување. Се до скоро една година упорно си конзумирав и тоа малку повеќе од дозволените “во нормала“ количини кои се препорачани. За жал, нашата љубовна афера мораше да заврши со сериозни компликации на мојот желудник (не само од кофеинот, туку и од целиот начин на неправила исхрана како и начин на живот) кои го шкртнаа од листа мојот најомилен порок. Како и да е, ете летово решив да пробам многу многу малку и нели, сите мои обиди да ја контролирам и игнорирам потребата од оваа течност која предизвикува пеперутки и среќни мисли, беа залудни. Вака изгледаше тоа искуство:



Како и да е неколку дена подоцна си признав на себе дека е време барем за кратко да им се дозволи на моите тело и дух малку прекршување на правилата. 



Реалноста е тоа што повторно не би пиела кафе дома онака како што правев порано, оној нормалниот нес, шеќер плус млеко ритуал неколку пати во денот. Искрено, ја тргнав таа навика од дневниот распоред и се чувстувам многу послободно вака. Како што имав пишано во претходен блог пост (Исповедите на еден бивш зависник од кофеин.) свесна сум за предностите и недостатоците и сепак одбирам живот без кофеин. Тешко но, изводливо.

Се додека нели, не се досетив дека можеби можам да си дозволам кафе, но само фредо кафе, она што очигледно и не е толку познато во Скопје и она што веројатно е поскапо и ретко би го нарачувала. Така да решив да направам една маала Се за Љубов потрага по совршеното фредо капучино. По она што ми го кажаа на твитер направив список, кој се надевам ќе се проширува, каде што ќе го документирам мојот пат до совршеното скопско фредо искуство.

Ова малку ме потсеќа на оној тип на откажување “само со кафе ќе палам“ ама #yolo.

Како за почеток листата на кафичи е следна: Излет, Кино Карпош, Броз Кафе, Интермецо, Кафе Ли и Барбакан. Споделете инфо доколку знаете каде би имало фредо кафе и помогнете во потрагата. (:

Подоцна започнуваме со Излет. Кафе мафе доживување со прекрасната @smilenk0.

Посакајте ми среќа! :)

You Might Also Like

0 comments