Откопано од архива: Every artist was first an amateur.

Wednesday, July 03, 2013

Јас во прва година, со кратка коса и цела во црно.
За оние кои сакаат да се запишат на архитектонски, еве едно писмо што сум го напишала кога сум била прва година на крај од прв семестар, инспирирана од првата изложба/презентација на Арх.Студио1.  
За оние кои не ме знаат доволно, Архитектурата ја сметам како моја девојка. Затоа и се обраќам директно.
Фотографиите и искуствата се од тој период, не мешам ново со старо. Како е напишано, така останува, непроменето. Без разлика на тоа како е сега, тогаш било така. Фотографиите се од работата во студиото, бидејќи се најсреќни.

Напишано на 28.12. 2011 во 20:10 часот


Се запознавме летово, ми дозволи да и пријдам одблиску, ми рече дека ако и докажам дека имам потенцијал, ќе прифати да бидеме официјално во врска. Ми даде една единствена шанса, уште не сме почнале она стресови ми прави.. но, знаев дека помеѓу нас има опасна хемија. Секогаш кога седев во нејзина близина ја гледав со восхит и љубов, длабока потисната страст. Да бидам со неа ми беше единствената желба.
Некако успеав да ја убедам дека колку толку вредам за нејзиното внимание, пресреќна бев што конечно ми се оствари желбата да можам да ја запознаам одблиску. На почетокот се беше мед и млеко. Срамежливо не бараше многу од мене, или можеби не приметував некоја тежина. Сепак, како што поминуваше времето, така стана посесивна. Таква е она, си знаев уште од почетокот. Кучка. Знае што сака, знае колку вреди, знае како да ти го загорчи животот доколку не го добие она што и е потребно во моментот. Сака постојано да сум со неа, дури понекогаш и по цели ноќи не ме остава да спијам, ме тера на уште, секогаш бара уште! Ако мислиш дека конечно малку ќе те остави на мира, да отидеш на кафе со другарките, беше исто како да си скршила макета од глава!И одеднаш се се смени. Почна да ми бара се повеќе и повеќе. Мислам дека животот ми го скрати во таа нејзина ПМС недела. Нервозна, напната, опасна по здравје. Дури и се прашував на моменти дали таа е таа со која што треба да бидам, дали она е вистинската за мене или требаше подобро да размислам пред да започнам посериозна врска.
Сепак, решив да се борам за оваа љубов со сета енергија, тело и душа.

Она не сака да е дел од твојот живот, она сака да е твојот живот. Бара максимална посветеност. Да ја отвариш душата, да и го дадаш срцето на рака и да и кажеш земи го, твое е, ти решавај што ќе правиш со него, а јас сеуште ќе се трудам кога ќе стане густо. Зашто љубовта постои и во тешките моменти. Љубовта останува и кога ќе ти снема каширан картон или лепак во 2 саат сабајле, а макетата ти е за во 9. Или кога себе си се проектираш на профилна рамнина, а не знаеш кои ти се координатите. Или кога трансферзалните сили не ти се на број, а уште помалку збирот на моментите ти е еднаков на нула. Понекогаш ти доаѓа да се обесиш на греда со препусти.

И така седиш во некоја непозната зграда, на ладни скали, со термос кафе, пробуваш да  ја разбереш некако таа нејзина филозофија на вертикални комуникации. понекогаш мораш да рушиш армирано бетонски ѕидови. ти се спие и се плаче она ти вика сакам уште љубов да водиме. и сеа стискаш заби, молчиш и.. тоа е тоа брат. ја сакам, како да ти кажам. моја е. не можам да се замислам со друга.
И отеднаш, почнуваат да се средуваат работите, една по една. Си ги гледаш резултатите пред очи, ја чувстуваш онаа енергија што ја имаш подзаборавено. Ентузијазмот што си го имал на почетокот на врската. Кога се беше едноставно. А што е најчудно баш сега ми е поубаво. Можеби затоа што знам дека да ја сакам онолку колку што мислам дека ја сакам, да не беше така ќе ја забодев со нулташ и немаше да се замарам повеќе.. 

И гледам како од една чкрабаница на скиц хартија растат ѕидови. Можеби не баш онака како што ги имав нацртано во глава, затоа што сфатив една многу корисна работа. .. луѓето мислат дека е лесно и едноставно да бидеш креативен. Да замислиш нешто и да го реализираш. Лесно ни е на нас од архитектонски.. Тежок е оној процес на преработка на хаотични мисли во едно концизно решение. Тешко е да му даваш отпор на шаблонот. Затоа што она не сака клишеа. Она сака да го откопа сето она заборавено богатство во тебе и со нејзина помош да креираш чудесии. Но, ти вели се со време. Ако доволно вредиш ќе те однесе на врвот. Затоа што оние „ненормални филозофи“ што ги читаме наоколу кога имаме време, а најчесто немаме време за повеќе од нивното презиме запишано на некој лист, не застанале кога некој им рекол дека не се доволно добри, или дека сакаат да направат нешто невозможно. Баш тие истите се наши учители затоа што секогаш верувале во себе и дека ако сакаат да направат нешто, ќе го направат па што и да сака нека биде.

Имаме уште многу за работа, тешкото тек доаѓа.. Па баш затоа, не сакам да заборавам како ме направи да се чувстувавм денес. Најдобро до сега. Баш онака како што треба да се чувстуваш кога љубиш некого. И од таа млада силна љубов да се раѓа производ. 

You Might Also Like

0 comments