Некои работи што сакам да ги знаев

Thursday, September 05, 2013

Кога се запишав на факултет бев како изгувена во просторот и времето. Не знаев што да очекувам и не знаев дали тоа ме возбудува или ме плаши. За оние кои сакаат да се запишат на архитектонски, преминот од средно до факултет не е продолжен летен распуст исполнет многу забава и шетање, туку со посета на припреми и приемни. Од кога си го видов името на таа ранг листа, знаев дека ме чекаат најубавите години во животот и дека конечно ќе го учам она што навистина го сакам. Првиот семестар е најтежок, бидејќи сеуште мислиш дека си во средно. Не си навикнат на такво темпо а немаш време да се адаптираш. Има неколку работи што сакам да ги знаев тогаш, па можеби така ќе избегнев многу проблеми што понатаму не ми даваа мирен сон и повеќе часови од потребниот одмор.

Ова се моите совети за вас тазе студентите по архитектура, па и за другите броцоши, се надевам дека ќе ви бидат од корист. 

1. Запишувај се што ќе слушнеш на предавања.
Земи си една поголема тетратка и таму запишувај ги белешките од сите предмети. Професорите ги потенцираат прашањата што се паѓаат на колоквиумите и испитите, така да ако внимателно слушаш веќе ќе знаеш што ќе се падне и на што треба да посветиш внимание. 
2. Седи понапред на предавања.
Колку си понапред, толку подобро можеш да слушнеш за што се зборува. Амфитеатарот е одлично место за дремка во утринските часови, па затоа ако седнеш напред каде што те гледа професорот, ќе имаш повеќе мотивација за слушање. Плус тоа, никој не седи во првите редови па ќе имаш место да се шириш и да дишеш слободно.
3. Работи максимално на вежби.
Ова е веројатно најтешкиот и најважниот совет што можам да ти го дадам. Завршувај ги вежбите во истиот ден. Ако не стигнеш на време за време на вежбите, доврши ги веднаш потоа. Не ги оставај за време на викенд или за вечерта пред предавање. Створи си навика за континуирана работа. 
4. Групирај се!
Работи ги домашните, проектите и вежбите со партнер или во тим. Многу ќе ти биде полесно кога ќе има некој до тебе кој го прави истото што и ти. Си ја делите маката. И секако, ќе си ги надополнувате знаењата и ќе си ја коментирате работата. Помагајте си едни со други бидејќи повеќе глави размислуваат подобро од една.
5. Не оставај за вечер пред колоквиум.
Поради неколку причини: нема да стигнеш да научиш се како што треба, нема да си одморен и сконцентриран, ќе изгубиш шанса за повеќе поени и ќе треба да останеш на испит.
6. Комуницирај со твоите колеги. 
Имај голем број на контакти и не само од твојата генерација. Почни да се дружиш и со постари, тие најдобро може да ти помогнат ако заглавиш со милионите прашања. Не се затворај во соба мислејќи дека се можеш сам и дека твојата идеја е подобра од другите. Шири ги хоризонтите и размислувај со отворен ум. 
7. Чувај го приборот како очи во глава.
Материјалите за работа не се евтини и мора да внимаваш на нив. Да, на факултет се дели се, но често и не се враќа. Штеди на хамер, скиц и картон, бидејќи на крај кога сите ќе купуваат, ќе снема и ќе останеш со пола проект недовршен. Купувај поскапо, за да трае подолго, но чувај го добро бидејќи на крајот ќе останеш со празни раце, а и празен џеб.
8. Храни се здраво и пиј многу течности.
Носи си од дома. Доколку сакаш да останеш со здрав желудник. Верувај ми кога ти зборувам за ова, си осетив на своја кожа. Нема срам ако си носиш сендвич со себе. На факултет ќе бидеш од сабајле до вечер. Спакувај си ланч бокс и секогаш носи си шише со вода и редовно пиј јогурт. Одбегнувај да купуваш нездрава храна.
9. Редовно оди на консултации.
Од некои професори можеш да научиш многу. Разговарај отворено за твоите идеи и прашувај за она што не ти е јасно. Комуникацијата е решението за многу недоразбирања. Советите ќе ти се најдобредојдени кога нема да знаеш што конкретно да направиш понатаму или на кое решение да се посветиш подетално. Затоа е убаво редовно да зборуваш со професорите и асистентите за она што не ти е доволно јасно и да ги надминеш овие недостатоци. Не ги оставај консултациите за последен ден. Нема да стигнеш на ред, а ако стигнеш нема да ти посветат доволно внимание.
10. Направи си распоред за работа и следи го.
Со добра организација и без прокрастинација, можеш да ги завршиш сите обврски во одредениот рок, да имаш солидни резултати и пак да имаш време за се што ќе посакаш да направиш. Направи си листа за обврските кои треба да ги завршиш, на тој начин ништо нема да заборавиш или пак да се сетиш на тоа во последната вечер. Закачи ја таа листа некаде каде што постојано го упативаш погледот па ако имаш работа а дремеш на компјутер, ќе ти влева грижа на совест и ќе работиш попродуктивно.

Со среќа колеги, ви посакувам многу успех!
Се надевам дека помогнав до некаде. (:

You Might Also Like

0 comments