Сакам да сум.

Monday, November 11, 2013


Сакам да сум тоа што сум, тоа што сакам да бидам, тоа што можам да бидам.

Сакам да сум ко вода, лесно да се адаптирам на промената,
да ја зафатам внатрешноста на секоја форма и да ја исполнам со моето постоење. 
А без форма, да нема граници на моето ширење, вечна експанзија на чувства и идеи.

Сакам да сум ко земја, цврста и темелна да давам плод кој ќе расте и цути, 
кој постојано ќе воодушевува со својата убавина. Никогаш во еден слој, секогаш разновидна.

Сакам душа обоена со боите на ветерот. Да имам почеток, но не и крај. И кога нема да можеш да ме видиш сепак да го чувствуваш мојот допир на твоето лице. Да можам да те подигнам и да обвиткам, да ме вдишуваш и издишуваш. Да постојам во тебе.

Сакам да мислам дека во мене гори оган, тука во пределот на срцето, таму се крие богатството. Силни непрекинати зраци кои излегуваат низ очи. Затоа ретко кој може да гледа во нив подолго време. 

Сакам да сум се што можам да бидам во еден интервал на постоење.
Пластелин во свои раце. Распрскана темпера на чисто бело платно. 
Инспирација која те гуши ако не излезе на површна. Баш иста ко оваа што ме натера да застанам на сред улица и да ги запишам зборовиве, затоа што знаев дека ако ги оставам за подоцна, засекогаш ќе беа заборавени и изгубени во просторот на свеста.



You Might Also Like

0 comments