Ајде да дејтаме.

Thursday, February 13, 2014



За почеток, во позадината на овој блог пост..

♪ ♫  Катица Џаконовска- Дали Ке Дојде На рандеву


Неколку идеи за каде и како би можеле да го поминете вашето време заедно. Во врската, без разлика колку време сте заедно, секогаш внесувајте нешто динамично и интересно, пробувајте нови работи и максимално уживајте во секој заеднички момент. Но најважно, останете млади, прекрасни и заљубени!

Лизгалиште
Без разлика дали сте искусни лизгачи или ова ќе ви биде прв пат, држењето за раце на ледот е премногу романтично за да не се искуси. Тешко е се додека не се опуштите. Потоа ќе сакате да се натпреварувате кој од вас е побрз или подобар. Па и да дојде до паѓање, не е ништо страшно. Така се учи, нели? :) Во Скопје има две лизгалишта, едно во Спортски Центар Борис Трајковски и друго Скопско Лизгалиште кое се наоѓа под Кале и е дупло поголемо, но е целосно отворено, односно без покрив над глава.

Кинески ресторан
Дали некогаш сте пробале да јадете со кинески стапчиња? Јас имам неколку пара дома, си земам по еден пар плус секогаш кога ќе отидам во кинески. Има некоја посебна атмосфера таму, секако зачинета со музика која одговара на амбиентот, и поинаква храна која дефинитивно мора да се проба. За оние кои би го посетиле прв пат, препорачувам шпагети со печурки и пилешко, а за десерт пржен сладолед! И секако не заборавајте да си земете fortune cookie.
Најдобриот кинески ресторан Star Ocean се наоѓа позади зимското Хавана.


Tопло чоколадо, шоља чај или омилено кафе
Секој си има свое омилено кафуле каде сака да го поминува времето со своите пријатели. Доколку врската е тазе, тоа е периодот кога се запознавате со таквите места, бидејќи таму индивидуално ви е најудобно, но со тек на време најдете го вашето посебно кафуле, уживајте во заедничката потрага за вашето место, на тој начин ќе менувате локации, нема да ви стане монотоно и ќе пробувате различни вкусови на кафе.


Прошетка во паркот 
Градскиот парк е совршен за опуштени прошетки додека чекорите гушнати, се што ви е потребно е топла облека, кафе/чај за носење или нешто за грицкање. Ако имате куче може да го прошетате. Ако тој што ви се допаѓа има куче, може да му правите друштво да го прошетате заедно.


Свеќи и шише добро вино
Нема ништо поромантично од затемнета просторија, тивка музика за опуштање, задимена светлина од свеќи (по можност со мирис на ванила) и вашето омилено вино. Знам дека е клише, но така е затоа што гарантира одлична интимна атмосфера. Една од клучните сегменти на една врска е да седнете и да зборувате еден со друг, без  мобилни телефони, нотификации на фејсбук и она што се случува на твитер и инстаграм.

Топол чај и врв на планина
Чај во термос, мандарини во ранец и пешачење кон Водно, тоа е совршено сценарио за едно неделно, сончево утро. Кој пробал, знае дека оваа комбинација е она што е потребно да се разбие негативната мисла што ја имаме зададено за последниот ден од ценетиот викенд. Па и за било кој ден од неделата, пешачењето е потребно за здрав психички и физички развој, а се имате еден со друг за друштво и мотивација. А погледот на цело Скопје е само бонус.

Пица дејт
Сеуште немам запознаено човек кој не обожава пица. Затоа може да тргнете во потрага по најдобриот ресторан каде што ја прават пицата баш по ваш мерак. Секогаш можете да нарачате две различни и да ги делите по пола, па да гласате чива е повкусна. А доколку немате иста омилена, секогаш постои простор да убедиш некој во она што ти веруваш дека е најдобро. Според мене, најдобрата пица ние си ја нарачуваме од Егнатија, додека да се симне филмот пицата е стигната, секогаш највкусна и совршена. 


Концерт, свирка, акустика
Танцување на омилената музика, во први редови на рок концерт или опуштена атмосфера создадена од акустична изведба во некој бар. Следете ја и поддржете ја алтернативната македонската музичка сцена, а таа за возврат ќе ви подари незаборавни вечери исполнети со одлична музика. Секој ден од неделата има нешто ново и различно, само треба да се пронајде, а информациите се достапни на сите социјални мрежи.


Палачинки со чоколадо, шлаг и јагоди

Рецепт од интернет, состојќи на број и раце полни работа. Научете да ги превртувате палачинките со тавче, декорирајте ги онака како што вие посакувате и експериментирајте во кујната, if you know what I mean. ;)
Нашиот прв обид беше најуспешен, кога немавме поим што правиме, а рецептот беше од прилика, што е доказ дека спонтаното е најдобро. #утеха


Билјард и пиво
Кој губи части пиво. Многу лесно и едноставно. Во таквите клубови обично има и други игри како на пример табла, покер, пикадо или фудбалче.. едноставно натпревајувајте се, видете кој во што е подобар, запознајте се со своите вештини на еден поинаков начин. Секогаш има време за сони и комплутерски игри, но нема ништо подобро од олд скул начин на забава.


Вкусна вечера
Лесно е да се седне во ресторан и да се нарача, но она што дава посебен акцент во една врска е кога си готвите еден за друг. Не мора да знаеш да готвиш за да изгледаш секси во кујна. Трудот е она што ја прави храната вкусна. А велат љубовта доаѓа преку стомакот. Најди некој рецепт или искористи ја твојата имагинација, но најважно е да внесеш енергија во целиот тој процес. Па дури и да се тоа тестенини, нека станат ваш специјалитет и двајцата придонесете до негово креирање.


Крофните од Хром
Сите ги знаеме, сите ги обожаваме. Има некаква маѓија во нив. Веројатно е до шеќерот.. или до маѓичниот крем што е подобар и од нутела. Отидете специјално за крофните, седнете на некоја клупа во близина и уживајте во совршенството кое не се опишува со зборови. 

Сакам да пробам, да посетам, да осетам.. *

Пеинтбол
Дефинитивно ми е сон. Не можам да опшам со зборови колку сакам да сум во арена со пушка на боја и да си играме Call of Duty.. или слично. :D

Куглање
Мислам дека е одлична идеја која едвај чекам да биде реализирана. Се надевам дека ќе бидам способна да погодам барем еден од тие.. (: 

Синаплекс и седиштата за парови со љубовното мени.
Долгоочекуваниот филм, пуканки и слободно можете да уживате гушнати. (Не ми се верува дека) сеуште не сум била во киното во Сити Мол, се надевам дека ќе го посетам во најбрз период. Уште филмот да биде 3Д и се би било совршено.


*Кој бил на некое од горенаведените нека сподели искуство и најдобра локација. Благодарам однапред! (:

You Might Also Like

0 comments