Како Знаеш Дека Е #Љубов?

Sunday, February 16, 2014


Знаеш дека е љубов кога се она што се случило во минатото, останува во минатото,
кога се чувствуваш ко да имаш нов живот, нов почеток

Знаеш дека е љубов кога го буди најдоброто во тебе, те прави подобра личност со самото тоа што верува во тебе, те поддржува во се и секогаш е покрај тебе

Знаеш дека е љубов кога го буди најлошото во тебе, не за да го употребиш туку за да го исчистиш, да го отфрлиш од својот систем, или само да научиш да го контролираш

Знаеш дека е љубов кога тој не ти е само дечко, туку и љубовник, најдобар другар, и психијатар, се тоа заедно убаво спакувано во едно цврсто секси машко тело на кое дури и боговите му завидуваат

Знаеш дека е љубов кога не очекува од тебе да си совршена, кога тие свои несовршености кои ги криеш од целиот свет тој ги преобразува во нешто мило и симпатично

Знаеш дека е љубов кога денот е празен ако тој не е во него, не е потребно нешто посебно да се случува само тој да е тука блиску, барем во истата просторија

Знаеш дека е љубов кога го посакуваш најдоброто за него, па тука си за заедно да најдете начин како да го постигне она што го прави среќен и исполнет

Знаеш дека е љубов кога се чувствуваш ко да си испила литро кафе, неколку лименки ред бул и цело големо шише кока кола, имаш енергија за да осветлиш цела населба

Знаеш дека е љубов кога иднината си ја замислуваш со него, заедно кон нови цели и предизвици, заедно посилни, поблиски и неразделни

Знаеш дека е љубов кога таа расте со секој изминат ден, кога не таква која гуши, здосадува или манипулира, но е таа која ослободува, трансформира и евоулира

Знаеш дека е љубов кога се околу тебе станува поубаво, будењето наутро станува полесно или ако он е до тебе станува максимално потешко

Знаеш дека е љубов кога губиш допирни точки со реалноста, но во исто време си повеќе поврзан со она што се случува околу тебе

Знаеш дека е љубов кога сакаш да го заштитиш тоа чувство со се што имаш, но не го заробуваш туку го оставаш да расте на свој начин, така расте најубаво

Знаеш дека е љубов кога едноставно знаеш, кога едноставно така се чувствуваш, кога во тој бит чука твоето срце и на таа фреквенција се движат твоите мисли.

You Might Also Like

0 comments