Малку боја во овој наш црно бел град.
Friday, February 07, 2014![]() |
Папагал, фотографија на Gorjan V. Prozus |
Се навикнав да ги игнорирам вестите и весниците, можеби е моја грешка, можеби е мој благослов. Не знам што ме натера да го земам денешниот број на Слободен Печат каде на самата насловна во десниот горен агол со големи црни букви пишува "Папагалот под барокна стрелба".
"зошто студирам архитектура?"
Многу ми е жал што ние како студенти седиме и гледаме што му се случува на градот и наместо да размислуваме како да го спречиме она што му го прават, ние бараме начин како да избегаме од државава, или полошо, како да научиме да живееме со фактот дека од нас прават и ќе прават идиоти, што за џабе седат и секојдневно учат за да живеат архитектура, кога некој што очигледно не ни разгледал што се случува во светот, си земал за право да одлучува и/или коментира. Дозволуваме да не демотивираат, да ни кажуваат дека не сме доволно добри, на крајот од денот да си архитект е најнепочитуваната професија.
Ова не е единствената зграда со шарена фасада во Скопје. Знам, бидејќи им се радувам на оние ретки исклучоци кои ми даваат надеж дека можеби еден ден ќе биде поинаку. Но, кој би ме слушал мене, моето мислење е ирелевантно, јас сум само студент. Па затоа нема да се трудам и да продолжам со текстов. Реалноста на Скопје е депресивна, благодарам што некој се осмели да и додаде малку боја.
За крај, пребарајте низ интрнетот за бојата и архитектурата насекаде низ светот, а за оние на кои тоа не им е приоритет, во продолжение неколку фотографии од објекти кои набрзинка ги срчнав на гугл.

Имајте прекрасен викенд и не дозволувајте да ви ја одземат бојата на вашата имагинација.
0 comments