Како да се преживее Work & Travel USA?

Sunday, September 28, 2014

Знам дека пред една година кога решив да го направам најголемиот чекор и да аплицирам за оваа програма, имав милион и едно прашање на кое што ме збунуваа различни субјективни одговори. Иако на своја кожа најубаво се учи, сепак, има некои работи кои би ги направила на поинаков начин.

Прво, да објаснам дека во Америка постојат ТРИ типа на студенти:
1. Мамини и татини принцези кои цел живот биле раснети под стаклено ѕвоно и не знаат како да си спремат основно јадење за да преживеат, а не па да станат од сабајле и да отидат на работа. Тие плачат дека им е тешко, дека има многу за работа, дека им фали дома, дека дома е најубаво.. Не се носталгични, мрзливи се. Тие најчесто или се откажуваат после првиот месец или доживуваат промена од 180 степени. Вториот случај е навистина редок, но барем постои како опција, дека сеуште има надеж и за таквиот тип на луѓе.
2. Поглед низ призма на долар $$$ Главна преокупација им е колку типс собрале во текот на денот. Ако треба ќе работат и три работи во денот ама најмногу ќе заработат. Они се најискусни и нивното мислење најмногу држи вода. Цело лето јадат јајце, кришка леб и патлиџан ама дома кога ќе се вратат ќе владеат со полни џебови. Јас од овие бегав ко од оган. Куче што многу лае не знае да каса. Може сељакот да избега од селото ама селото од сељакот, никогаш.
3. Дојдени да научат да работат, без разлика каде се вработени. Слободното време го користат за шетање, за дружење и за уживање во слободата. Мотивирани се да го дадат најдоброто од себе за да бидат задоволни од себе, а не да фасцинираат некој друг. Таквите се ретки. Ги сметаат за размазени затоа што се  наспани, најадени, избањати и чисти. Но, уживаат во престојот таму, и апсорбираат искуства, спомени и работни навики.

Извинете ако се пронајдовте и се навредивте. 
Јебига, решив да бидам искрена.

Она што следува е листа на 5 максимално потребни ситници кои многу ќе помогнат во целово искуство на W&T:
1. Мобилен телефон со америчка картица која совршено ќе функционира. Ќе ти биде потребна за да комуницираш со работоавците, да оставаш контакт за втора работа и да можеш да аплицираш за картички со попуст по големите маркети.
2. Бирај паметно каде и со кој ќе живееш. Барај да имаш свој тоалет и кујна да делите што е можно помал број на луѓе.
3. Купувај квалитетна храна, гледај каде има попусти и храни се здраво. Ќе ти треба таа енергија за да го издржиш работниот ден. Секој од големите маркети нуди картички со кои можеш да добиваш попусти плус по весниците секогаш има купони од типот на "купи едно земи го второто за пола цена" и слично.
4. Втора работа ако сакаш, а не затоа што сите тоа го прават. Ти си таму за себе. Ако веќе сакаш втора работа, најди нешто што ќе те прави да се чувствуваш убаво и ќе учиш нешто од тоа, а не само да гледаш во саат кога ќе ти помине времето. Времето ќе помине, ама искуството ќе остане. Размислувај паметно!
5. Дружи се, шетај, купувај, прашувај, шири познанства со рандом луѓе, изгуби се, пронајди се, напушти ја комфорт зоната, екпериментирај, научи да го кажуваш сопственото мислење, бори се, уживај и најбитното, направи еден опасен system upgrade.

Дали ќе аплицирам повторно? Секако. Дали ќе биде подобро од овој пат? Да се надеваме.
Јас сум на пола пат до остварување на сите мои желби, соништа и барања, ти до кај си?
Се е во твои раце.

Имај убав помин и памет во глава.
Секогаш искрена, 
Алекк Поттер





пс. Од сега па натаму, во наредните блог постови ќе се трудам да вметнувам само мои фотографии, можеби нема да бидат совршени, но барем ќе бидат тесно поврзани со моето искуство, а тоа ми е темата на пишување, така? Тоа е се народе, имајте пријатна вечер и среќен почеток на уште една работна недела.

You Might Also Like

0 comments