Зашто постојат луѓе кои постојано се негативни?

Monday, October 27, 2014

Навистина не разбирам. Во ред е да имаш свое мислење и истото да го споделуваш со  останатите, но субјективната страна на твојата констатација го руши принципот на слобода на избор. Ти велиш дека го поддржуваш слободното, индивидуално изразување на поединецот кога веќе во наредниот момент го негираш па дури и го исмеваш. Тоа ти е исто ко да не ме разбираш зашто го сакам моето кафе со многу шеќер и ми велиш дека твоето е повкусно. Се е до сопствениот вкус, како на секој од нас му се допаѓа. Замисли сите да бевме исти? Ќе умревме од досада.

Ајде сега да земеме воздух и да го прифатиме фактот дека нашето мислење е ирелевантно но, има моќ да повреди или да помогне некому. Наместо да бидеме негативни и веднаш да напаѓаме со зборови, статуси, твитови и блог постови, да го промениме начинот на пристап и да пробаме да бидеме позитивни. Барем на краток временски период, за да видиме каква огромна разлика ќе направи една наша поинаква постапка.

Мантра на денот: Да, јас и ти сме различни но, те прифаќам каков што си затоа што би сакалa и ти мене да ме прифатиш каква што сум јас. Ако не ми возвратиш со добрината која ти ја давам, јас пак ќе бидам во плус затоа што на негативниот му е потребна енергијата на позитивниот за да се исполни.


You Might Also Like

0 comments