Остани.

Wednesday, November 19, 2014

Љубов, не ме слушај што ти зборувам додека сум лута, не ме лутиш ти, ме лути се друго околу мене. Почекај, седни да поразговараме. Не избрзувај.

Љубов, тие веќе не веруваат во тебе, или барем така се лажат себе, но јас не се откажувам. Ќе те чувам и ќе те заштитувам се додека имам срце кое чука со сета сила. Пулс на животот си ти.
Љубов, велат дека не си вистинска, дека си илузија, дека си производ на човекова имагинација, дека воопшто не постоиш. Но, не можат да ме убедат во нешто што сум го видела со свои очи и што сум го почувствувала со сите клетки.
Љубов, велат си повредувала. Знам дека ти не си виновна за ништо, повредуваат луѓето, а потоа те криват тебе, те валкаат преку зборови и дела. 
Те искористуваат, знам.
Љубов, те молам остани, не заминувај. Потребна си. Спојуваш светови и создаваш убавини. Даваш боја во овој црно бел, монотон свет.

Љубов, ти благодарам за се, затоа што да не беше ти, јас немав да бидам тука и сега. Ме научи да бидам подобар човек, да растам и да се развивам.

Се се смени во светов, само ти остана најмоќна и непобедлива. Се што е поинаку, не си тоа ти. Ти си енергија што дава облик на бесконечност. Затоа остани, не се откажувај, им требаш.

Љубов.


You Might Also Like

0 comments