Еден чекор понапред.

Tuesday, November 25, 2014


Се сеќавамна времето кога имав катанче на профилот на твитер. Се што твитав беше површно и немаше воопшто допирни точки со она што навистина сакав да го кажам и пренесам. Се плашев од сопственото мислење и што би можеле другите да кажат за истото. Секој почеток е тежок, но ако имаш луѓе околу тебе кои те поддржуваат во сите твои паметни и не толку рационални одлуки, тогаш патот станува интересен за чекорење. Јавно му се заблагодарувам на @ortographia што ме охрабри да го отклучам катанецот и да почнам да твитам јавно, јасно и гласно.

И потоа се роди #твитермладина. Незаборавни дружби и многу твитови подоцна, навистина станавме од никој и ништо во другари со кои и ден денес уживам да излезам на чај или пиво. Се заради твитер. Твитер ми помогна да се поврзам со луѓе кои го делам истото мислење или истата желба за комуникација и дружење. Во тој период сфатив дека имам потреба од повеќе карактери низ кои можам да се изразам. Така се роди блогов и не толку често, но само тогаш кога навистина имав што да кажам, се создаваше по еден нов блог пост.

Дојде време за #твитернагради. Номинацијата за најсекси блогерка воопшто не ми изгледаше реална, а наградата за истата ме остави со колена кои едвај ме држеа исправена. Прв пат застанав на бина, прв пат добив награда, прв пат останав без зборови пред сите оние луѓе во публика. Ви благодарам на сите, создадовте момент кој ќе го паметам засекогаш и секогаш ќе ми дава насмевка на лицево. Ви благодарам уште еднаш, од се срце!

Ми ја разубавува полицата веќе една година. (:
Нешто што се смени во последно време е тоа што повеќе немам филтри кога пишувам. Најчесто пишувам кога ќе ме удри прилив на инспирација, а тоа се случува во најнеочекувани ситуации, како на пример во Ракија Бар на сред Чаршија, за време на вежби и на предавања или најчесто пред спиење кога си уморен но, мозокот си работи со двеста на саат.

Не знам каде води блогов, но како хоби ме исполнува. Во паралелен универзум она што навистина уживаш да го правиш во слободно време, за тоа можеш да добиваш и плата но, во овој во кој што живееме.. тоа е само сон. Се што сакам да правам е да пишувам за она што ме инспирира, со идеја дека можеби ќе допре до некој, можеби некој ќе се пронајде помеѓу моите реченици. Можеби ќе смени нечие мислење. Се надевам на подобро.

И еве, една година помина, нови #твитернагради доаѓаат и дури две номинации: најсекси блогерка и најдобрар блог за 2014. Искрено, им благодарам на сите што ме номинирале, не знаев дека некој всушност ми го следи и/или чита блогов. Прекрасни сте! Продолжуваме понатака, еден чекор понапред, со нови предизвици, нови идеи зад кои ќе стои многу работа, многу #љубов и кохерентни мисли преточени во искрени зборови споени во нови блог постови. Можеби и втор блог, кој знае. :)


Никогаш не постирам на фејсбук, премногу ми е.. комерцијално? Не знам. Чудно. Затоа секогаш ме изненадува кога ќе видам мој блог пост шернат на нечиј тајмлајн. Но, морам да соберам храброст и да им дадам на овие текстови шанса да стигнат до поширока публика, до оние кои не се корисници на твитер или блогер, а сепак сакаат да ме читаат. Затоа денес направив фејсбук фан пејџ. И како што твитнав пред неколку часа: "Moжеби направив глупост, можеби направив паметен чекор. Ќе видиме со тек на време. Барем излегов од комфорт зона."


Блогот на Хаштаг Љубов си доби фан стана на Фејсбук!


Во случај да посакате да ме поддржите на ептен тазе фан страната на фејсбук, повелете линк. Хаштаг Љубов Блог Фејсбук Фанпејџ
Доколку сакате да го дадете својот глас за #твитернагради кои ќе се реализираат на 13 12 14, повелете линк: Блогираме и Твитер Награди Гласање 2014

You Might Also Like

0 comments