Драга Јас.

Thursday, March 19, 2015

(Потсетник од себе за себе за оние денови кога едноставно не сакам да станам од кревет и да се соочам со суровата реалност која ме опкружува како глутница гладни дементори.)

Драга Јас во тие денови,

Прво и основно, Expecto patronum!
Потоа..

Направи си јако црно кафе во омилената цветна чаша и пушти си епизода од најдобрата серија која те расположува, без разлика дали е тоа епизода од 2 Broke Girls, New Girl или Pretty Little Liars. 20 минути константно смеење и доволно за да се започне денот во правилна насока па и колку да си станала на лева нога. 

Отвори YouTube и гледај ги оние видеа кои се со позитивна и инспиративна содржина. Следиш многу beauty влогерки кои внесуваат огромно количество #љубов и енергија во нивната работа и со мерак ја следиш нивната содржина.

Приготвуви си го омиленото јадење. Готвењето и експериментирањето во кујната те исполнуваат до максимум особено кога оние со кои ја делиш храната ти кажуваат дека премногу им се допѓа. Тоа те прави да си горда на себе и задоволна од вложениот труд.

Среди си ги шминките, исчисти си ги четките и организирај ги по намена онака како што мислиш дека ќе ти ја олеснат работата. Те мотивираат да пробуваш нови стилови и понекогаш се случува да седнеш и само едното око да го нашминкаш, само колку да видиш дали ќе ти се допадне замислената идеја која си ја имала подолго време заглавена во глава.

Разгледај ги старите фотографии од времињата кога си била екстремно среќна. Типичен пример за тоа се оние од New York кои иако те прават максимално носталгична те потсетуваат дека соништата се остваруваат и те мотивираат да не се откажуваш од оние кои сеуште се во процес на планирање за понатамошна реализација, без разлика колку и да изгледаат недостижни за достигнување.

Купи си некоја од омилените ситници, како на пример миризливи свеќи. Ти ја усовршуваат романтичната атмосфера во твојата соба. Пред да сфатеше дека истрошената свеќа значи нова стаклена чаша за складирање на четките, беше себична кога стануваше збор за тоа кога да ги запалиш и чекаше вистинска прилика. Мирисот на боровница ти е омилен, а после него доаѓа мирисот на ванила. Купи си ги двете затоа што двата мириси во комбинација се колуминација на совршенството. 

Долго топло туширање, неколку лосиони со мирис на чоколадо и облекување на чиста неносена омилена облека веќе си ко нов човек. Нема поубаво од ова. Се спремаш со часови, а ако треба да излегуваш, се шминкаш со мерак. Женски работи, пеглање на коса и полнење на батерии со присутство на музика во позадина. 

Договори состанок со омилената личност, без разлика дали е тоа господинот Љубов или најдобрата другарка. Луѓето кои ги сакаш секогаш се ко црешичка на шлаг. Опуштен разговор, силно гушкање и неограничена блискост значат најмногу. Ако ти е тешко ќе имаш на кого да се исповедаш, ако ти е убаво ќе имаш со кого да споделиш. 

Биди продуктивна. Направи си план на работа. Отвори го организираниот дневник за настани и белешки што многу сакаш да го шеташ секаде со тебе. Кога ќе ги запишеш обврските ќе ти биде полесно да ги завршиш на време и да не губиш нерви на непотребно создадени проблеми. 

Кога ќе почнеш да внесуваш енергија, повеќе енергија ќе ти се враќа. Ако немаш мотивација, седни и најди ја онаму каде што најмалку ќе очекуваш. Постави си предизвик, ако успееш да го достигнеш максимумот, награди се со омиленото чоколадо. Кој не би сакал чиста глава, полн стомак и среќно срце. 

Ако ништо не ти помогна од горенаведените, легни си. Утре е нов ден, сети се дека имало и полошо па и ова ќе помине како и се друго што поминало и е веќе преболено и заборавено. Стави си еден куп позитивни мисли во главата и запамти, нема ништо посилно од тебе ако мислите ги насочиш кон центарот на метата.


You Might Also Like

0 comments