Замисли.

Monday, April 20, 2015

Замисли повеќе да се почитуваме и кога разговараме вистински да се слушаме, погледoт насочен кон соговорникот да го држиме, телефонот на маса да го оставиме и очи во очи почесто да се гледаме.

Замисли да подаваме рака секогаш кога на некој му се појавила некоја мака, не само кога се е во ред и кога на нас така ни се сака, да сме едни за други и во добро и во лошо, и кога на некој му треба помош, да стане, да се исправи, понатаму со животот да продолжи.

Замисли да подаруваме гушка секогаш кога некој ќе проба да не повреди и да му подариме куп убави зборови кога ќе сака вербално да не навреди. Убавиот збор железни врати отвара, а такви ни требаат почесто за срце кое ладнокрвно се затвара.

Замисли.. да ни беше убаво кога со некој компромис наоѓаме и заедно до решение за проблемите да доаѓаме, а разговорот да не биде само површен и честопати на пола недовршен.

Замисли да постоеше повеќе доверба и луѓе кои слободно шетаат без оклопи, маски и заштитна опрема, и да бевме лојални и сложни без на некому да сме му слепо должни.

Замисли да сакавме да станеме подобри заради себе, затоа што еден ден во иднина ќе постои помала верзија од тебе, ќе учи од твоите грешки без разлика колку да се непоправливи и тешки.

Замисли кога со некој се сретнуваме за промена едно искрено здраво си кажуваме и од кога ќе се разделиме, зад грб да не си зборуваме, затоа што секој од нас боди војна, можеби со себе или домашните, со пријателите или партнерите.. и еден грам добрина може многу да придонесе кон подобар ден и иднина.

Замисли една обична насмевка, од негативната енергија да ослободува. Да не прави зааедно да сме, бидејќи заедно посилни сме и од проблемите, заедно можеме да ги тргнеме сомнежите, затоа што постои маѓија, да не ја уништуваме, постои и искрена љубов, да не ја изобличуваме. Тука сме заедно своите цели да ги постигнеме, хоризонтите да ги прошириме, заедно можеме идеи да реализираме, недостижните врвови да ги достигнеме и многу повеќе од замисленото да оствариме.

Замисли, за љубов нема потреба од упатство за употреба. А љубов има во се, и во нас и во другите. Тоа е време да го сфатиме, пред да биде доцна и да немаме кон што да се вратиме.

Затоа.. (за)мисли љубов. Доволно е. 


You Might Also Like

0 comments