Плус и минус.

Sunday, August 02, 2015

Негативните луѓе не инвестираат во себе или во другите. Тие едноставно ја цицаат енергијата околу нив очекувајќи дека на тој начин ќе ја исполнат празнината. Ние сме онака како што го гледаме светот. Ги повредуваме другите очекувајќи дека и нас ќе не повредат. Можеби ќе боли повеќе доколу сме решени за промена. Очигледно повеќе страдаат оние кои се разликуваат од другите. Оние кои сфатиле дека сите сме различни, но во суштина исти. Ретко кој бега од топлина, љубов и внимание. Но, сите имаме нешто поинакво во нас што можеме да го понудиме на светот, на кое треба да работиме, за да обликуваме онака како што сакаме да го претставиме и да го објавиме очекувајќи дека не секој ќе го одобри, но можеби некој ќе се пронајде, инспирира и поврзи. Тоа е поентата на животов. Создавање конекција. Врска. Врска помеѓу пријатели, помеѓу љубовници, помеѓу роднини, родители и деца, браќа и сестри, соседи.. На крајот од денот, твојата вредност е колку ќе создадеш од колку да одземеш. Колку можеш да создадеш позитивна енергија.
Негативните луѓе мислат дека светот е лошо место за живеење. И навистина го гледаат и го чувствуваат како таков. На тој начин придонесуваат до таков свет. Мислат дека луѓето се злобни, па стануваат злобни. Не ти треба труд за да бидеш хејтер. Луѓето се хејтери затоа што тоа е најлесната работа која што можеш да ја правиш. Но, за да сакаш нешто, ти треба храброст. Ти треба надеж. Треба да се предадеш себе си и да се отвориш кон нови можности. Позитивната енергија создава, негативната уништува. Позитивната инспирира, негативната раздвојува. Но, зашто некои од нас го одбираат минусот кога за плус ти треба да додадеш само една вертикална линија? Мислам дека на луѓето не им одговара фактот дека треба да додадат нешто, да направат нешто за да добијат нешто. Сакаат се да им се послужи во чинија. Треба да работиш повеќе и да инвестираш во себе за да ја видиш разликата и промената, а не да очекуваш да падне од ведро небо само затоа што ја посакуваш. Негативните луѓе не очекуваат ништо добро од оние кои ги опкружуваат затоа што не очекуваат ништо добро од себе. Мислат дека се случуваат само лоши работи затоа што никогаш не седнале да создадат нешто добро и ги потценуваат оние кои што го создаваат мислејќи дека го лажираат. За еден да верува во доброто, тој прво треба да го создаде, да го почувствува, да го абсорбира и потоа да го ослободи. Колку повеќе енергија создаваш, толку повеќе добиваш. А енергијата е бесплатна. Доаѓа во два типа, а само ти можеш да одбереш каков тип ќе создаваш.
Мислам дека негативните луѓе се мрзливи. Само седат, набљудуваат и коментираат на туѓата работа затоа што очигледно имаат премногу слободно време кое би можеле да го искористат на сопствената креација. Па затоа што се мрзливи да инвестираат во својата креација, ги мразат оние кои создаваат. Пробуваат да повредат за да се чувствуваат подобро. Пробуваат да повредат за да го запрат оној кој создава и да стане како нив, мрзлив. Мрзливите се без желба, затоа што некој им ја одземал. Некој што тоа го искористил за да си ја пополни празнината. Но, факт е дека празнина можеш да пополниш со своја енергија, а не со туѓата украдена.
Замисли каква промена ќе настане ако наместо да шириш омраза, или поблаго речено да исхејташ, таа енергија да ја инвестираше во позитивна акција, да ја спакуваш и подариш во убава реченица која може да поттикне и да прерасне во прекрасна вибрација. И како капка во рамна водена површина да создаде круг кој ќе се шири и размножува.
Нареден пат кога ќе решиш да напишеш негативен коментар, замисли како ќе беше на спротивното место да седнеш ти или некој што ти навистина го сакаш. Замисли која промена ќе ја создадеш ако наместо негативен го преобликуваш во нешто иакрено и убаво, па да разубавиш нечиј ден. На крајот на денот, луѓето преферираат позитивни индивидуи затоа што не штедат на енергија. Знаат дека колку повеќе ја создаваат толку повеќе имаат да ја шират и подаруваат. А која е цената на една искрена насмевка создадена од искрена убава реченица со мил глас кажана? Таа е бесценета. Ретка, но прекрасна. Создади ја. "Биди промената која сакаш да ја видиш во светот." Но, мора да почне од тебе. Од внатре длабоко во себе.
Како се станува позитивен? Погледни околу тебе. Жив си. Тоа е најубавиот подарок што можеш да го добиеш. А сега направи нешто прекрасно од тоа, за да не згасне туку да продолжи да постои. Дали ќе биде лесно? Секако дека не. Не е битно сите да се согласуваат со тебе. Тоа е невозможно. Битно е ти да се согласуваш со себе, да бидеш чист пред себе. Тоа е најбитно.


You Might Also Like

0 comments