За тебе.

Friday, August 21, 2015

Ми го промени животот, му даде боја. Ми покажа колку е убаво да си мој, а јас целосно твоја. Ме поддржуваш во се, иако можеби не се согласуваш, се трудам повеќе само затоа што во мене ти веруваш. Ме држиш за рака и во добро и во лошо, иако те нервирам кога те игнорирам и "се правам на Тошо". Ти си причината што верувам во "додека смртта не не раздели", за човек како тебе треба медал да се додели. А јас сум себична, те чувам само за себе, но посакувам секој на планетава да си најде некој ко тебе. Не гледаат ко еден, веќе не не делат, ко капаче и тенџерче сме биле, така постарите ни велат. Ме прашуваат за совет, како до успешна врска? Им велам треба да научиш да кажеш искрено извини кога си дрска. Ни се чудат како сме биле цело време заедно, нема ли да ви се здосади? Им кажувам како е тоа возможно со човек што во срце вистинска љубов ќе ти посади. И еве, без разлика на годишно време, јас внатрешно цутам од неговото љубовно семе. Одиме напред, најубавото тек доаѓа, пресреќна сум кога времето со тебе убаво ми проаѓа. Прекрасно ми е вака со тебе, тука и сега, минатото поминало, а иднината не ни бега. Затоа да уживаме во ова што го имаме, да го чуваме и секојдневно да го надградуваме, да стигнеме до крајот вака здружени за да видиме како е да сме со наши правнучиња опкружени! (:

You Might Also Like

0 comments