Биди подобар заради себе

Monday, August 03, 2015

Статусот од фб кој порасна во блог пост.. 
Имам кажано и ќе повторам: за политика, за религија, за сексуална ориентација и за начин на исхрана не се прави муабет. Особено не на социјални мрежи каде моќта позади тастатурата е поголем од онаа која е потребна за соочувањето на личноста и разговор со поглед во очи. Или си на исто или не. Нема помеѓу. Тоа не значи дека едните се попаметни од другите или дека едното е поправилно од другото. Постои баланс, компромис, информирање, игнорирање и разбирање. Сите сме свои, помалку или повеќе различни, со исти или поинакви сфаќања, искуства и разбирања. За докажување нема потреба. За почнување дебати и расправии уште помалку. Свесни сме и разумни. Некои го гледаат светот поинаку, го чувствуваат поинаку, го доживуваат поинаку. Полека малку. Има доволно заебани работи со светов во кој што живееме сите. Ние го направивме таков, заебан. Полн со предрасуди, осудувања, ограничувања, фрустрации, разочарувања.  Болести, сиромаштија, неправда, болка, загадување, умирање. Војна. Нема потреба од повеќе негативности. Биди подобар заради себе. На крајот на денот сите сме само гости на планетава, еден ден ќе не снема. И нашите деца и внуци, ако имаат можност и шанса, ќе ги плаќаат нашите долгови. Ако сеуште постои живот на планетава.

You Might Also Like

0 comments