Отвори ме.

Saturday, October 03, 2015

.. промената започнува од тебе! 
Да, да.. ти таму што немо седиш и скролаш рамнодушно. Ти што мислиш дека туѓите проблеми не се твои грижи и задоволен си со моменталната состојба за која што си убеден дека нема промена. И ја прифаќаш. Затоа што така е полесно.
Ако не дадеш, не можеш да изгубиш. Но, не можеш ни да добиеш.
Ме прашуваат зашто толку многу се замарам, кога можам лабаво да си ги поминувам деновите и да сум среќна само со моето постоење. Како што ти одбираш да не се замараш, јас така одбирам некако, барем еден човек да убедам, дека чувството на несебично инвестирање на својата енергија во нешто кое што може да донесе позитивна реакција, тоа е тоа чувство за кое вреди да се трудиш и упорно да работиш кон негово постигнување. Да сакаш некој да се чувстува добро. Да сакаш некој да сослушаш и да посоветуваш. Јас не сум психијатар или психолог, но сум пријател. Онаков каков што сакам јас да имам. И кога гледам дека некој тоа го нема, или го нема доволно, јас го давам максимално, затоа што имам моќ да чекорам во туѓи чевли и да почувствувам како е тоа.
Клише муабет е дека ти си промената која сакаш да ја видиш во светот, но тоа е вистината која што ја игнорираме затоа што сме убаво заседнати во оваа удобна позиција на пасивни набљудувачи, наместо да станеме и да сме активни борци за подобро утре. Твоето дете, твоето внуче учи додека те гледа тебе. И не само децата, туку и твоите родители, твоите пријатели, твоите соседи или блиски и подалечни роднини. Секој кој те опкружува е радио на твојата фрекфенција. А ти си тој кој ја емитува содржината. Што сакаш тие да чујат? Што сакаш тие околу тебе да почувствуваат?
Зашто да си себичен за нешто кое не се троши? Добрината е заразна. И секогаш се враќа дупло ога најмалку очекуваш. Се шири, го зафаќа целиот простор и те подигнува, те исправува, те прави поубав, посреќен и поздрав. Се тоа внатре, во оној предел каде што ги криеш чувствата од светот, затоа што мислиш дека така си позаштитен од околината.
Биди пример за другите да учат од тебе.. да научат, да видат и да почувствуваат дека постои добрина, разбирање и толеранција. Дека сепак сеуште постојат вистинска #љубов и семејни вредности.
Подади рака. Подари гушка. Сослушај. Помогни.
Промени се себе, за да ги промениш и другите.
Разбери, за да те разберат и тебе.
Прифати разлика, бидејќи сите не може да сме исти.
.. затоа што на крајот на денот, (можеби) ќе разбереш дека џабе ти е полн џеб ако имаш ладно срце и празна душа.

You Might Also Like

0 comments