DIY: Makeup Brush Holders From Candles

Friday, November 27, 2015




Обожавам убаво организиран простор, иако најчесто додека се шминкам и се спремам за излегување, позади себе оставам хаос кој потешко се средува. Бидејќи скоро секогаш доцнам, но и кога работам, сакам се да ми биде на дофат и да скратам на време кога станува збор за барање на ситни но, најчесто и покрупни предмети.

 Кога решив да ги извадам четките од футролите за заштита и транспорт и да ги поставам на полицата, барав алтернативни начини за кои нема да има потреба од поголема инвестиција. Додека шетав на интернет сфатив дека нема шанси да нарачам нешто затоа што не сум доволно трпелива за да чекам да ми стигне нарачката. Исто така ретко имам доверба кога станува збор за нарачки преку интернет. Ми се допадна идејата да ги поделам по намена во стаклени чаши, но на крајот не можев да најдам соодветна големина. На крајот се сетив дека кај мене во соба скоро секогаш има запалена свеќа, најчесто со мирис на ванила.

Често знам да се почастам со нова и да ја запалам кога ќе посакам собата да ми замириса убаво и романтично, така да ми се најдоа неколку скоро изгорени и потрошени со различни мириси. Убаво ги исчистив со сретство за миење садови и на крајот ги исполирав со сретство за чистење стакло кое направи да исчезнат дамките од восокот. Цената на свеќата е колку кафе во Центар, задоволството од мирисот е бесценето, а искористеноста максимална.

И не само за четките, туку и за маскари, тушеви за очи, моливчиња за очи и усни, тестери од производи и слично.

Сите овие стаклени искористени чаши од свеќи можат дополнително да се украсуваат, бојат, цртаат и декорираат, но мене ми се допаѓаат едноставни, минимални и проѕирни. Најчесто ги купувам од dm дрогериите бидејќи таму имам најголем избор и пристапни цени.

Доколку имате некое прашање, коментар, критика, пофалба или идеја за нареден блог пост, слободно оставете коментар подоле. Моето последно youtube видео каде покажувам како ги чистам четките можете да го погледнете овде <<



You Might Also Like

0 comments