Happy 80th Birthday Lancôme! ♥

Friday, November 20, 2015


 По повод 80тиот роденден на еден од најпознатите светски брендови  Lancôme, присутсвувавме на забавата која што се оддржуваше во Sky барот на новиот хотел Russia во Скопје. Прекрасната интимна атмосфера, одличната организација и вниманието кон деталите оставија впечаток што долго ќе се памети и за кој на долго ќе се зборува. Поставија високи критериуми за организација на ваков настан кој би биле многу тешко да се надминат. Знаете колку сум љубител по цвеќиња така да веднаш бев освоена од белите и нешно розови ружи насекаде. Сепак, ружата е заштитниот знак на овој бренд, што ме тера да го сакам уште повеќе! Уживавме во романтичната атмосфера создадена од задимени светла и мали бели свеќи кои беа насекаде, додека уживавме во мирисот на парфемот кој го опишува животот држејќи коктели во раце. Кога си дел од ваква убавина која тешко се опишува со зборови, радосен те прави фактот дека си бил еден од ретките што може да ја искуси. Вечерта помината во дружење и совети за шминкање заврши со подароци за гостите, кои воопшто не беа очекувани. Во прекрасните хартиени торбички, помеѓу другите подароци беше и парфемот кој го посакував повеќе од една година и кој ме навраќа на авантурите во Њујорк. И тогаш се потсетуваш дека навистина, La Vie Est Belle. Погледнете дел од фотографиите, се надевам успеав да доловам барем половина од она што се случуваше вчера и каков отпечаток остави на нашите животи.








You Might Also Like

0 comments