Chapter 2: Metamorphosis

Tuesday, December 15, 2015

(Пишувам се што ми лежи на душа и нема да го препрочитам за да не го променам текстов. Не го собира во 140 карактери, но ако би твитала на темава би одела со #исповед)
Никогаш не стигнав да објаснам што стои позади името
Chapter 2: Metamorphosis
Чувствувам дека има потреба да кажам дека ме ограничуваше блогот. Затоа имаше периоди кога ретко пишував и повторно почнав да се враќам во оклопот.
Пред некое време почнав да нагласувам промена, преку постот за Која е Xаштаг Љубов? каде опишав некои одредени работи кои ми се вртеа низ глава.
Размислував на нов блог, кој ќе биде посебен за шминка и убавина, затоа што реално тоа навистина е голем дел од мојот живот и особено ме прави среќна и ме исполнува.. Но, зашто ќе ми е нов блог ако го имам веќе овој за кој сум се трудела и сум го градела со години? Се чувствував ко она што го споделувам на мојот инстаграм, она што го твитам на твитер, блогов што го водам и она што го правам во приватност да не се поврзуваат во една единствена личност. Дали тоа има смисла? Се вратив на основата, на прашањето зашто го правам ова? Одговорот е навистина искрен и едноставен. Затоа што ми е вентил, ослободување, изразување и споделување на свое мислење, нешто што си создал и за кое си потрошил од своето време и внимание со надеж дека ќе допре до некој кој што размислува или се чувствува исто и ќе му пренесе барем грам позитивна енергија. Нешто што не е површно и имагинарно, туку напротив, парче душа преточена во зборови, дела, фотографии.
Потоа ме мачеше прашањето дали да продолжам да пишувам на македонски, или да сменам и да почнам со англиски. Зошто? Затоа што да бидеме реални, ретко на овие простори се добива поддршка за нешто што сакаш да го правиш, а е поразлично од вообичаеното. Особено кога станува збор за оставање свое мислење во сферата на социјалните мрежи кои ти дозволуваат анонимност и моќ додека опуштено си куцаш на тастатура. И тоа е страшно се додека не се ослободиш од притисокот на туѓото мислење кое реално не можеш да го игнорираш ако ти е тука, пред тебе.
met·a·mor·pho·sis
/,medəˈmôrfəsəs/
  1. (in an insect or amphibian) the process of transformation from an immature form to an adult form in two or more distinct stages.
    • a change of the form or nature of a thing or person into a completely different one, by natural or supernatural means.
И пред да продолжам да филозофирам, сакам да најавам дека повеќе не се ограничувам.
Ова е мое парче каде што ве повикувам на дружба и меѓусебна комуникација.
Тука сум за вас и вие сте тука за мене. Се знаеме, се дружиме, се пингаме и се поддржуваме.
Ако ме читате, и да сте двајца, барем ме знаете и знаете дека јас не се покажувам тука со едно лице во поинакво светло, а во реалност да сум друга. Тоа е тоа. Во оваа ера на социјални мрежи своето место го најдов тука и со многу труд работам на себе да станам подобра личност и на сите полиња на кои сум се распрснала. Тука го најдов мојот начин на како да се отворам и да споделам што размислувам и чувствувам. За оние ко мене што знаат колкав предизвик и проблем тоа претставува, ќе ме разберат. Се ослободувам. Затоа, после долго време и часови поминати во неспиење и размислување на оваа тема, ви најавувам новост.
*Наскоро на блогот ќе пишувам за:
- мотивација, инспирација и позитивно размислување
- храна и се она што е здраво+вкусно
- индивидуален стил
- креативност и "направи сам" проекти
- убавина и шминка
- #љубов
- омилени луѓе и места
Затоа што блогов не сакам да е само блог за текстови или постови за шминка и убавина. Сакам да е слободен простор каде што можам да се искажам и да споделам од се по малку, но многу повеќе од она што ме исполнува и прави среќна.Тоа не е една работа, тоа се многу делчиња што ја прават сликата целосна. Нешто на кое ќе можам да се навратам и да се потсетам. Блогот е дневник кој го читаат сите. Не сум себична и не сакам да сум затворена. Верувам дека можам да помогнам. Да дадам совет, да сослушам, да споделам. Истовремено да гледам како растам и се развивам, како личност пред се. ^^
Не сакам да припаѓам под одредена категорија и да имам етикета која што ќе ме дефинира. Бјути блогерка, фешн блогерка, лајфстајл блогерка.. За некои такви поими сеуште немаме ни соодветни зборови. Затоа, може само блогерка? Обична девојка која сака да пишува и да фотографира, од кеиф и лично задоволство? Девојка која срцето го дели на многу иако е многу полесно да се посвети само на едно? И затоа, ова не е парче од мојата душа, ова е поголема голотија и од #твитеркалендар. :D
Ова не е за пари ниту за лајкови ниту за срциња и ѕвездички. Но, ако некогаш, некако, маѓично може да се заработува од она што најмногу сакаш да го правиш, а ти е ко хоби, без да се промениш и изобличиш, тогаш супер, одлично, браво, прекрасно!
Како ви се допаѓа оваа идеја? (:

You Might Also Like

3 comments

  1. Те читам уште од почетокот и знам дека имаше една вечер кога ти ги прочитав сите објави, ама сите до една, затоа што се пронајдов во многу од нив.
    Мило ми е што почна да пишуваш за шминка, а уште повеќе ме радува што ќе 'шараш' и низ други теми.
    Keep up the good work ^^

    Sanja's Burgundy Blog
    Sanja's Burgundy Blog on Facebook

    ReplyDelete
    Replies
    1. Фала ти Сања за убавите зборови кои многу ми значат! :*
      Фала ти и што одвои време да оставиш коментар! ^^
      Прекрасна си. :*

      Delete
  2. Јас- пред неколку години :) Мило ми е што си одлучила да ги споиш сите работи и да ги вклопиш во блогот. Не се оптеретувај премногу, just keep up the work, па ако треба нешто да промениш или одделиш, ќе ти се покаже постепено. The point is to enjoy and to share....all kind of goodness :) Поздрав!

    ReplyDelete