Review: alverde lip liners

Thursday, December 03, 2015



На мое огромно задоволство, денес ќе пишувам за нешто кое го сметам за пронајдок на годината. Обожавам да откривам нови производи кои се квалитетни, достапни и секако со пониски цени од вообичаените и очекуваните. Бидејќи не бев запознаена со брендот, на почеток бев скептична, но тоа што производите се со ниски цени, бев во можност да ги купам и да ги пробам на своја рака.

Овие моливчиња за усни се од брендот alverde кои можат да се најдат само во dm-drogeriemarkt на познатите неколку локации во Скопје. Според она што го пишува на нивната интернет страна, alverde NATURKOSMETIK се најпродаваната сертифицирана марка на германскиот пазар за природна нега, без синтетички додатоци како бои, ароми, конзерванси и состојќи на база на природни масла. Она што навистина ми се допаѓа е тоа што не тестираат на животни и се сертифицирани вегански производи, што за мене е голем плус.

Моливчињата беа #љубов на прво нанесување! Доволно кремасти, убаво и лесно се нанесуваат и долго траат. Не ја сушат устата, а сепак даваат мат изглед. Веднаш станаа дел од мојата секојдневна шминка и тие што ме знаат се сведоци дека не престанувам да зборувам за нив и да ги препорачувам на секој што го познавам.

Оние две кои ги имам во моментов се број 15 Aubergine која е нежна розева и број 16 Pretty Mauve која ми е најомилена во моментов, потемна модро виолетова. Бидејќи текстурата им е совршена, дозволуваат да бидат носени сами по себе за брз и едноставен изглед. Но, претставуваат одлична основа долколку сакате врз нив да нанесете кармин како што јас често правам и тоа може да се види на моите фотографии на инстаграм.


Сега, од кога ви ги кажав сите овие прекрасни информации и од кога знам дека ве заинтересирав за производите, имам една лоша вест која знам дека ќе ве разочара. Единствената "маана" која што можев да ја најдам е тоа што има само три нијанси. :( Овие две што ги имам јас и уште една, црвена. За крај, јаготката над шлагот е да напоменам дека цената на едно моливче е само 99 денари. Прекрасно, нели? (:

Ви благодарам за вниманието! <3 Доколку стигнавте да го прочитате ова, значи дека сте останале до крајот. Слободно оставете коментар како ви се допадна постот и дали сакате да пишувам повеќе за моите мали откритија.

Имајте прекрасна вечер, се читаме во најблиска иднина. ^^

You Might Also Like

3 comments

  1. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete
  2. Здраво, и јас сум голем љубител на Алверде декоратива и ги имам дома ова твоево бр.16 и црвената нијанса. Премногу сум задоволна од трајноста и квалитетот, а згора на сѐ и природни се. Поздрав и браво за статијата.

    ReplyDelete
    Replies
    1. фала ти за убавите зборови, мило ми е што одвои време да го прочиташ и да оставиш коментар! :*
      .. имај прекрасна вечер. ^^

      Delete