Review: Scandal Eyes Eye Shadow Paint by Rimmel London

Thursday, December 10, 2015



Покрај мојата огромна љубов кон сенките и класичното нанесување со четки и процесот на блендирање и сенчење, обожавам кога случајно ќе најдам некој производ кој ќе ми ја размрда типичната шминка и ќе посакам да пробам нешто ново и поинакво.

Така и со ова течна, сребрена, металик сенка за очи која што беше љубов на прв поглед!
Уште кога го нанесов тестерот на рака, знаев дека морам да ја имам. 

Веднаш ми дојдоа милион идеи во глава за тоа како можам да ја искомбинирам и на кој начини да ја носам. Имаше три различни бои: сребрена, златна и темно виолетова. Се одлучив за почеток да ја пробам сребрената со оглед на тоа дека имам доволно златни и виолетови, интензивни сенки за очи.

Од мојот прв експеримент можам да заклучам дека за нанесувањето на овој производ потребна е сува и чиста површина. Подобро се нанесува доколку претходно нанесете прајмер и сенка или камена пудра. Може да се нанесе на целиот капак, како основа, да биде сама по себе центар на целиот изглед, или да се нанесе ко туш. Дозволува да бидете креативни и иновативни. 


Доколку го купите, за таа цена добивате производ од 7мл, во пластична туба, кој долго трае по нанесувањето и остава интензивна металик боја. Лесно се вади со отстранувач на шминка и не предизвикува чешање или црвенило. Брзо се суши, но забележав дека тешко прима други производи. Би ве советувала доколку нанесувате повеќе слоеви, тоа да го правите пред да се исуши затоа што потоа ќе почне да се рони. Пробав низ неа да поминам со гел туш но, не ми успеа да добијам совршена линија, онаква каква што посакувам, па затоа прво нанесов линија црн туш па над неа додадов линија од сребренава течна сенка. 

Единствената работа што не ми се допаѓа е апликаторот односно тоа што би требало да е четкичка. За мене не ми заврши работа затоа што имам потреба од поголема прецизност затоа што овој производ би го користела како сребрен туш за очи. Но, не ми претставува посебен проблем затоа што ја искористив тенката четкичка за туш и со неа земав продукт од апликаторот.

Низ целиот производ може да се прочита дека е совршено за новогодишната вечер или за некоја луда журка! Јас би ја носела со некоја интересна впечатлива боја на кармин, црн туш и трепки. Навистина прекрасен производ доколку сте авантурист и сакате да направите интересна промена во секојдневната шминка.

Обожавам мали детали, нели круната е прекрасна? ^^





You Might Also Like

0 comments