Омилени Филмови За Месец Јануари

Thursday, February 04, 2016

Го обожавам моментот кога ќе најдам некој добар филм кој што не е актуелен во моментот затоа што не ме привлекуваат филмови, серии и книги за кои сите зборуваат.

Без разлика дали во друштво, во пар или пак сама, добриот филм може да те расположи, мотивира или пак да те поттикне да размислуваш на некоја одредена тема. Но, немам одреден омилен жанр.

Слободното време во месец јануари ми даде простор да се изнагледам многу филмови и со нив да изедам големи количини на пуканки. На листата има од оние кои те тераат да размислуваш, па се до оние на кои можеш да им го предвидиш крајот уште во првите 2 до 3 минути.

Како и да е, еве ја мојата листа на топ 10 омилени филмови кои ми оставија особен впечаток кои ви ги препорачувам да ги погледнете доколку сте ги испуштиле, а доколку имате предлог филм кој мислите дека би ми се допаднал, споделете го доле во коментар, бидејќи за добар филм секогаш имам време. :)


Absolutely Anything
Вонземјани доаѓаат до заклучок дека нашата планета не вреди да постои повеќе затоа што човечкиот род излегува од контрола и нормала, но решаваат пред да ја уништат да дадат една последна шанса. На рандом човек, кој е ставен на тест, ќе ја има целосната моќ во универзумот. Како тој ќе ја искористи ќе одлучи дали планетата вреди да се остави или треба да се уништи.



The Intern
Мојот најомилен филм. Се работи за вдовец пензионер кој сака да направи повеќе од себе и своето слободно време и се пријавува како практикант во стартап фирма за онлајн продожба водена од девојка која никогаш нема потреба од помош. Во мојата глава ова за мене е продолжението на Ѓаволот носи Прада иако овие два филма не се никако поврзани во реалноста освен со главната глумица и љубовта кон модата.


Man Up
Романтична комедија која се развива околу девојка која нема среќа во љубовта и е под притисокот да најде партнер бидејќи е во средината на нејзините триесетти. Случајно се сретнува со човек кој треба да е на слеп состанок и решава да глуми дека е девојката која тој мисли дека е договорена со него преку нивниот заеднички пријател.



Jupiter Ascending

Девојка која има обичен, нормален, досаден живот дознава дека има поинаква судбина како наследник на интергалактичка династија и се соочува со поинаква, брутална индустрија која и се заканува на човечкиот род. Таа е единствената која може да го спречи уништувањето но неколку личности ќе направат се за да го добијат она кое го посакуваат.


Sisters
Две сестри со максимално различни карактери и начини на животсе повикани да се вратат во нивниот роден град и да си ги соберат своите работи од семејната куќа затоа што нивните родители решаваат да ја продадат без да се советуваат со нив. Сестрите решаваат да организираат последна забава за збогување со куќата.





American Ultra
Просечен млад човек кој е љубител на рекреативните дроги дознава дека е таен агент кој е непланирано активиран, но е премногу напушен и добро обучен за напад и одбрана што не можат да го елиминираат. Сфаќа дека сите проблеми му се потсвесно програмирани за да не може да дознае кој е тој навистина и каков е неговиот вистински живот.



The Gift
Млад брачен пар се вселува во нова куќа и се постојано посетувани од мистериозен човек кој е пријател од детството на мажот кој има повеќе тајни од колку што знае неговата жена. Иако нејзината трпеливост не познава граници, сепак ќе застане помеѓу она што е правилно и она што е паметно.




Before We Go
Спонтано и случајно, двајца непознати минувачи ќе станат причината еден на друг да се соочат со своите најголеми стравови и да си ги признаат своите најдлабоки тајни затоа што се заглавени во Њујорк во ноќта без идентификација, телефон или било каква финансиска помош и поддршка.






The Escort
Желен за добра приказна, млад новинар кој е зависник од секс се запознава со прекрасна придружничка која работи само со елитни господа. Таа му дозволува да пишува приказна за неа, како девојка со завршено највисоко образование на еден од најпрестижните светски универзитети може да биде заинтересирана за работа каде си го продаваш своето тело.



Trainwreck
Научена дека не постои моногамија, девојка фокусирана на својата кариера се соочува со своите најголеми фобии од сериозна врска кога случајно ќе запознае нормален и фин дечко кој всушност е заинтересиран за неа, а не само за поминување на една вечер со нејзиното тело.

You Might Also Like

1 comments

  1. Good morning, how are you?

    My name is Emilio, I am a Spanish boy and I live in a town near to Madrid. I am a very interested person in knowing things so different as the culture, the way of life of the inhabitants of our planet, the fauna, the flora, and the landscapes of all the countries of the world etc. in summary, I am a person that enjoys traveling, learning and respecting people's diversity from all over the world.

    I would love to travel and meet in person all the aspects above mentioned, but unfortunately as this is very expensive and my purchasing power is quite small, so I devised a way to travel with the imagination in every corner of our planet. A few years ago I started a collection of used stamps because through them, you can see pictures about fauna, flora, monuments, landscapes etc. from all the countries. As every day is more and more difficult to get stamps, some years ago I started a new collection in order to get traditional letters addressed to me in which my goal was to get at least 1 letter from each country in the world. This modest goal is feasible to reach in the most part of countries, but unfortunately, it is impossible to achieve in other various territories for several reasons, either because they are very small countries with very few population, either because they are countries at war, either because they are countries with extreme poverty or because for whatever reason the postal system is not functioning properly.

    For all this, I would ask you one small favor:
    Would you be so kind as to send me a letter by traditional mail from Macedonia? I understand perfectly that you think that your blog is not the appropriate place to ask this, and even, is very probably that you ignore my letter, but I would call your attention to the difficulty involved in getting a letter from that country, and also I don’t know anyone neither where to write in Macedonia in order to increase my collection. a letter for me is like a little souvenir, like if I have had visited that territory with my imagination and at same time, the arrival of the letters from a country is a sign of peace and normality and an original way to promote a country in the world. My postal address is the following one:

    Emilio Fernandez Esteban
    Calle Valencia, 39
    28903 Getafe (Madrid)
    Spain

    If you wish, you can visit my blog www.cartasenmibuzon.blogspot.com where you can see the pictures of all the letters that I have received from whole World.

    Finally, I would like to thank the attention given to this letter, and whether you can help me or not, I send my best wishes for peace, health and happiness for you, your family and all your dear beings.

    Yours Sincerely

    Emilio Fernandez

    ReplyDelete