Направи свој детокс пијалок!

Monday, April 11, 2016

Седам, ја припремам новата фотографија за на инстаграм и посакав да напишам нов блог пост поврзан со истата. Сакав да напишам и да опишам како од секогаш сум се чудела и сум се прашувала зашто луѓето имаат потреба да ставаат овошје и зеленчук во стаклено шише вода и тоа подоцна да го пијат, кога еве ме мене правејќи го истото некако ги добив тие одговори спонтано. Искрено, ми немаше смисла дека има некои бенефиции, а остатоците од овошјето и зеленчукот подоцна ќе се фрлат неискористени до својот потенцијален максимум.

Mојата единствена цел беше да се натерам да пијам повеќе вода, затоа што во последно време сум загрижена за колку тоа малку пијам вода. Некои денови заборавам и пола чаша да се напијам. Некои денови за жал, не пијам воопшто. (Не ја бројам водата во кафето. :D) Си велам, зашто би си го правела ова на себе кога знам колку е важно да се пијат течности, особено вода, која патем ја имаме привилегијата да ја имаме на дофат секогаш и секаде. За жал, секогаш кога сум жедна го одбирам купениот сок затоа што, да бидеме реални, е повкусен, иако знаеме дека е вештачки и полн со шеќери.

Затоа денес го посетив пазарот и се снабдив со доволно овошје и зеленчук, и дома се вратив психички и физички спремна да експериментирам во кујна. После подготвениот ручек и десерт му дадов шанса на овој пијалок, кој се приготвува за неколку минути, а претставува инстант #љубов за сите ваши сетила!



Додека ја држам чашата во рака и гуглам за придобивките од овој пјалок прочитав интересни содржини кои би сакала да ги споделам со вас. На крајот од овој блог пост се надевам дека водата со краставица и лимон ќе е пијалок кој ќе сакате да го земете во предвид нареден пат кога ќе се почувствувате жедни. Затоа што не само што помага вистински да го хидрирате организмот туку и ви помага во целост да се чувствувате подобро, па дури и да изгледате подобро.

Прво и најважно е тоа што хидрира. Кога ќе ја задоволите вашата специфична потреба за вода, ќе уживате во придобивките од тоа да се биде хидриран и чист од токсини. Ќе имате повеќе енергија и ќе му помогне на секој ваш органи да ја работи својата работа подобро. Водата од лимон и краставица го додава она малку повеќе од обичната вода затоа што нејзиниот вкус ќе ве натера да ја пиете почесто и помага во текот на денот да останете хидрирани.

Второ, внесувате повеќе витамини и минерали. Водата е од витално значење за телото и организмот, но сама по себе тоа не е голем извор на витамини. Кога ќе ги додадете краставицата и лимонот, вие додавате витамини и минерали кои ќе ви помогнат да се дополни недостатокот во вашата исхрана. Бидејќи овие витамини доаѓаат од целото овошје или зеленчук, а не се синтетички додадени, тие ќе бидат подобро апсорбирани и искористени од телото.

Може да ви помогне да ослабете. Го потиснува апетитот ако сеуште не е време за следниот оброк. Пиењето на една чаша вода со краставица и лимон кога сте гладни може да ви помогне да се заситите до следниот оброк ако сеуште не е време за истиот. Јадењето и кога не сте гладни, всушност може да доведе до зголемување на телесната тежина. Кога ќе почувствувате глад пред да е време за храна, видете дали сте само жедни. Телото го користи истиот сигнал за жед и за глад, а пиење ваква вода може да помогне да се утврди дали тоа е навистина глад или само имате потреба од течност.

Помага и во однос на убавина. Да се остане хидриран навистина и помага на вашата кожа за таа да остане еластична и мазна, а додавањето на краставици и лимон во вашиот внес на вода значи дека добивате дополнителни хранливи материи кои помагаат уште повеќе. Краставиците содржат силициум диоксид, кој обезбедува дополнителни бенефиции за кожата. Можете исто така да ја користите краставицата откако ќе завршите со водата. Тие се одлични за смирување на иритација предизвикана од акни или други оштетувања а исто така може да ја нанесете околу очите за да ги освежите и да ги намалите темните кругови предизвикани од умор.

Значи.. оваа вода не само што помага одвнатре, туку помага и однадвор! Прекрасно, нели? ^^

Затоа земете бокал од еден литар, наполнете го со вода и додадете исечени парчиња од пола краставица, еден лимон и 15тина ливчиња минт. Како ви се допаѓа?


You Might Also Like

0 comments