Eveline Cosmetics Lovers Rouge 2 in 1 Moisture & Colour Lip Balm
Tuesday, April 26, 2016
Рецензија и споредби на Eveline Cosmetics Lovers Rouge 2 in 1 Moisture & Colour Lip Balm
Eveline Cosmetics Lovers Rouge 2 in 1 Moisture & Colour Lip Balm
се големи "џамбо" моливи кои го заменуваат вашето типично лабело, ви даваат дополнителна нежна боја и нега на вашите усни. Во кратки црти кажано, претставуваат интересна и практична комбинација помеѓу лабело и кармин. Убавата работа кај овие моливи е тоа што конкретно и лесно се нанесуваат и се практични за употреба со механизам на вртење. Морам да додадам дека мирисот на сите е прекрасен, благ и пролетен додека текстурата е кремаста додека трајноста е просечна, но сум задоволна од истата. Достапни се во шест нијанси од кои јас одбрав три и ги комбинирам со моливчиња кои ги користам за дефинирање и корегирање на природната линија на устата. Lovers Rouge балзамот за усни доаѓаат во два вида, некои од нив имаат сјаен финиш додека другите се мат. Нивната цена е одлична за производот што го добивате, ги најдов во дрогериите на Cosmo за нешто повеќе од 160 денари и се моментално моите омилени и најкористени кога не сакам да нанесам типичен кармин.

*на фотографиите пред нанесување на производите имам ставено моливче Eveline Cosmetics Max Intense Colour Lip Liner во нијанса 14 Nude! Неговата цена е 75 ден.
Lovers Rouge 01 Nude Beige
нежна сјајна нијанса
Lovers Rouge 03 Smokey Rose
мат корална нијанса
Lovers Rouge 05 Wild Red
сјајна интензивна црвена
Како ви се допаѓа овој блог пост? Дали сакате да видите повеќе рецензии од овој тип?
Дали го имате пробано овој производ?
Пишете ми подоле во делот за коментари или на страната на фејсбук. ^^
Останете ми поздравени и имајте прекрасна вечер! :*

0 comments