#ManiMonday
Monday, May 09, 2016
За оние кои ме знаат и кои биле кај мене дома, знаат дека имам голема колекција на лакови и обожавам да ја надополнувам со нови и интересни бои. Со оглед на фактот дека еден подолг период од мојов живот носев само црн лак и не се грижев многу за моите нокти, сега се радувам на секоја пролетна и пастелна боја! Она што го барам кај еден лак не е толку многу неговата долготрајност, затоа што често менувам боја, туку брзината на сушење затоа што да бидеме реални не ми се стои со рацете неподвижни и прстите раширени повеќе од потребно.
Денес решив да ги пробам новите Gel Shine лакови од Avon кои имаат нова формула со негувачки омега масла и се наменети за создавање на професионален маникир со гел ефект како од салон но во удобноста на вашиот дом. За нив не е потребно УВ светло и се отстрануваат исто како што би отстраниле обичен лак за нокти.
Доколку сакате лакот да ви трае уште подолго нанесете го новиот завршен лак со гел сјај врз обичниот лак! Овој лак е безбоен и го прави обичкниот лак два пати подолготраен, го елеминира пукањето и лупењето на лакот за нокти. Одлично, нели? За крај нанесете го спрејот за брзо сушење. Ветува дека го суши лакот за 60 секунди и го спречува неговото размачкување. Остава прекрасен мирис, брзо исчезнува но остава некој интересен сјај. Јас искрено се заљубив.
На 14те веќе постоечки нијанси се додадени нови 6, сите прекрасни и сјајни. Јас одбрав шест но навистина планирам да си ја комплетирам колекцијата. :D Иако сакам едноставни и уредно излакирани нокти сепак си земав и четкичка за декорација која има две страни, едната е наменета за точки додека другата е наменета за линии.
Иако сите ги обожавам, сепак, ако морам да се одлучам, мојот најомилен би бил Rain Washed.
Е тоа беше #љубов на прв поглед!
Како ви се допадна овој блог пост? Кој е вашиот омилен лак од горенаведените? Дали ги имате пробано овие лакови? Ако одговорот е да, како сте задоволни од истите? Ако одговорот е не, дали би сакале да ги пробате? Знаете дека секогаш се радувам на вапите коментари и ме прави среќна кога разговараме на вакви теми, така да не се срамете и пишете ми!
Се читаме наскоро. :*
0 comments