#алеккготви: Едноставна Чоколадна Веган Торта

Friday, June 03, 2016


Најчесто она што го спремам во кујна го споделувам на Snapchat (додадете ме, и таму сум alekkpotter) и најчесто ги објавувам фотографиите со #алеккготви. Овој пат, инспирирана од прекрасните фотографии од храна на Reborn.mk решив да пробам да ги засукам ракавите, да ги припремам состојќите и да пробам да ја направам мојата прва веган торта за која што се спремам психички веќе подолго време. Не сакам да мислам дека не ме бива за готвење како што е именувана нивната категорија, но морам да признаам дека ова е мојот прв пат да спремам нешто благо, особено нешто што се пече. 

За овој рецепт не се потребни никакви ваги, комплицирани миксери, посебни мерки, математички формули или посебни вештини во кујната но, се потребни следните состојќи:

 .. суви состојќи:
1 1/2 чаша бело брашно тип 400
1 супена лажица сода бикарбона
1 кафена лажица сол
1 1/2 чаша нерафиниран кафеав шеќер од Vitalia
1/3 чаша какао во прав
1 пакетче ванилен шеќер во прав
кои ги ставате и мешате во еден длабок сад

и течни состојќи кои ги мешате во друг длабок сад:
1 супена лажица оцет
5 супени лажици органско кокосово масло од Vitalia
1 чаша топла вода

Потоа правите дупче во средината на сувите состојќи и ги истурате течните состојќи и додека мешате ќе почне да мириса на прекрасен благ чоколаден мирис. Така мириса љубовта. ^^

Како и да е, да се вратиме на рецептот.

Потоа земате плитко тавче за печење, го мачкате со малку масло од кокос низ целата површина и нанесувате мааалу какао. Ова ќе го спречи лепењето и загорувањето на тортата. На претходно загреана релна на 200 степени, печете 25-30мин. 

Од кога ќе ја боцнете и ќе видите дека е готова, ја вадите и ја чекате да се излади. Има многу начини како да го направите завршниот слој, но јас одбрав само да ја намачкам со џем од сливи

Како ви се допаѓа? ^^

Ако ја направите оваа торта би ми било драго ако го споделите конечниот резултат со мене и со останатите, или доколку сметате дека треба нешто да се промени или додаде, слободно пишете ми! Имајте прекрасен ден и уживајте во сончевиот викенд што ни доаѓа. :*

You Might Also Like

0 comments