Нова летна рутина за чисто лице!

Saturday, June 18, 2016



Нешто што не можам доволно да го потенцирам е тоа што доколку сакате совршено и здраво лице, мора да се посветите секојдневно и за неговата грижа да инвестирате енергија, време и трпение. Дневната и ноќната рутина за грижа на кожата се основа за убаво и чисто лице особено во летниот период кога лицето е изложено на негативните ефекти од сончевите зраци и топлото време. Одвојте половина час наутро и навечер пред спиење и за брзо време ќе ги забележите резултатите.

Бидете свесни дека шминката може да ги покрие, но не да ги отстрани несовршеностите. Со доволно грижа нема да имате потреба да се криете под дебели слоеви пудра и коректор, затоа што ќе бидете горди на својата кожа. Време е да ги смените своите лоши навики и да ги замените со нови, да почнете од денес и во иднина да сте благодарни на себе што сте одвоиле време за себе и за својата кожа, затоа што времето не чека никој, а вашата кожа тоа најдобро го знае.


Со овие производи вие сте спремни да го започнете денот.

1. Alverde Naturokosmetik Aqua Waschgel Meeresalge е гел за миење на нормална и комбинирана кожа. Содржи комплекс од природни кафени и зелени алги и минерали од морска вода, состојќи кои ја освежуваат кожата, ја ослободуваат од нечистотии, шминка и вишок маснотија. Овој гел е без синтетички бои и мириси, конзерванси, суровини од животинско потекло и без состојќи на база на минерални масла. Состојќите кои ги содржи се контролирано биолошки одгледувани. Употребувајте го со малку вода, направете пена и нанесете го на кожата на лицето, вратот и деколтето, со кружни движења исчистете ја кожата и потоа исплакнете со многу топла вода.

Одкога кожата е чиста и сува, следува

2. Alverde Naturokosmetik Aqua 24H Hyaluron Cremegel Meeresalge која е хијалуронска крема со морски алги која овозможува 24 часовна хидратација и ја штити кожата од сушење. Нејзините негувателни растителни масла ја хидрираат кожата и ја прават свиленкаста. Оваа крема лесно се впива во кожата и е идеална како подлога за шминка. Содржи природни етерични и есецијални масла.

И последниот производ е првиот чекор, но не е за секој ден, туку одберете 2-3 дена во неделата кога ќе почувствувате дека имате потреба од длабинско чистење на кожата.

Alverde Naturokosmetik Aqua Peeling Meeresalge е пилинг за лице со морски алги за нормална и комбинирана кожа кој содржи нежни пилинг зрнца и благи супстанци за чистење кои ги отстрануваат нечистотиите и ја ослободуваат кожата од изумрените клетки. Хидратантниот природен глицерин ја штити кожата од сушење и тенот делува чист, освежен и е оптимално подготвен за понатамошна нега. Употребувајте го со малку вода, создавајќи пена и со прстите масирајте го лицето, но внимавајте да не дојде во контакт со очите и пределот околу очите. Потоа исплакнете со топла вода.



Совет плус! ^^
Одкога се сеќавам за себе, секогаш користам вакви сунѓерчиња кои ми помагаат во чистењето на лицето. Совршени се за отстранување на нанесениот производ од лицето, за дополнителен пиниг и длабинско отстранување на нечистотиите од лицето. Пред користење навлажнете го сунѓерчето со топла вода и од кога ќе завршите со негово користење убаво исплакнете го и оставете го да се исуши на чиста површина.

пс. производите можете да ги најдете во ДМ дрогериите. Овие производи се вегански што значи дека не се тестирани на животни ниту пак содржат состојќи од животинско потекло. Дали познавате други производи од ваков тип? Пишете ми коментари подоле. (:

Нивните цени се:
- Гел за лице 155 денари
- Крема гел 175 денари
- Пилинг 189 денари
- Сунгерчиња 73 денари

Јас мислам дека овие производи на природна база се одлична инвестиција која вреди да се направи. Вложете во трајната убавина која доаѓа од здрава, чиста и блескава кожа.

Имајте убав ден и уште поубав викенд.
Ќе ми биде мило ако ви помогнав со овој блог пост и ако навистина ви се допадна.
Се надевам не ви пречи тоа што се долги моите блог постови и има многу текст но се трудам да дадам детално објаснување за производите и да помогнам што е можно повеќе.

Ви благодарам за вниманието, прекрасни сте! ^^

You Might Also Like

0 comments