Review: Gosh Cosmetics Rebel Eyes Mascara & Xtreme Liquid Gel Eyeliner

Tuesday, June 21, 2016

Во последниов период бев во потрага по нова маскара и нов туш за очи кои ќе ги заменат оние што ги користев веќе подолго време. Она што го барам од маскарата е да ги издолжува трепките и да им дава волумен, додека од тушот очекувам да е интензивен и долготраен. Ова го најдов кај маскарата и тушот од германскиот бренд GOSH Cosmetics.


Да бидам реална, она што ме натера да ја купам Rebel Eyes маскарата беше нејзиното име, дзијанот на пакувањето и фактот дека беше убаво заштитена со транспарента пластична обвивка. Не сакам маскари кои се отворени, незаштитени или залепени со салотејп затоа што рокот на употреба на маскарата е 6 месеци од нејзиното отварање. Така да, во мојот ум подобро е да купам нова, неупотребувана маскара за која што ништо не знам одколку некоја која што е рекламирана и позната но не сум сигурна дали некој бил во контакт со неа пред јас да почнам да ја користам.


Кога прв пат ја отворив маскарата, а тоа е неколку моменти пред да ја направам оваа фотографија, искрено малку се исплашив затоа што никогаш порано немав користено четка која е толку тенка и со мали, цврсти влакна кои личат на боцки, ако можам така да ги опишам. Можете да видите дека е малку заоблена и слична со линијата на окото. Оваа четка е пластична и флексибилна.


Ваквиот тип на четки дозволува детално да се навлезе во секое влакно. Јас навистина се изненадив колку беше лесна за користење и со едно нанесување ја добив посакуваната должина и доволно волумен што не нанесов уште еднаш. Искрено, со поголеми четки, иако си мислиме дека ќе нанесеме повеќе производ, ќе добиеме повеќе должина и волумен или ќе ги извиткаме повеќе, најчесто само правиме поголем неред и потоа треба да бришеме, а да не забораваме дека долните трепки се помали и потешки за нанесување на маскарата. Затоа првиот впечаток по нанесувањето ми беше позитивен, се изненадив колку ваквиот тип на четка ми е полесен за употреба, а потоа ја користев и кај клиенти и сфатив дека ја одбирам неа наспроти другите маскари што ги имам на располагање.
Фотографиите си зборуваат сами за себе; апликацијата е лесна и прецизна, убаво ги издвојува, издолжува и им дава волумен со само едно нанесување. Производот навистина долго останува на трепките без размачкување или трошење под и над очите, што е навистина одлично за оние кои користат маскара цело време, од утро до вечер. Одличен производ, го препорачувам на сите оние кои се во потрага по нова маскара. Цената на оваа маскара е 440 денари и можете да ја најдете во продавниците на Cosmo Tinex.


Ова не е мојот прв туш од Gosh и знаев што можам да очекувам од нивните тушеви. За овие тушеви мора да имате прецизна рака и да бидете трпеливи и внимателни затоа што како го нанесувате, така се суши и останува се додека не го избришете со сретство за отстранување на шминка. Не се вади ни со вода ниту со сапун. Долготрајност на Gosh XTREME Liquid Gel Eyeliner e до максимум и добивате интензивна боја со едно нанесување. Мој совет е да нанесувате брзо и да не нанесувате премногу продукт. Ова е алтернатива на оние кои сакаат интензивна боја како од гел туш но, во течна варијанта. Навистина солиден производ кој го заслужува вашето внимание.


Четките за ваквиот тип на тушеви се движат помеѓу кратки и тврди па се до тенки и долги. Оваа е некаде помеѓу. Дебела во основата и се истенчува кон врвот, лесна за користење и за приспособување. Цената на овој производ е 400 денари и можете да го најдете во продавниците на Cosmo Tinex.


И ова е конечниот резултат: прецизен туш и долги трепки, безвременски изглед со малку труд, совршен за секаква пригода и период од денот.

Како ви се допаѓа овој изглед? Сте ги пробале ли производите на Gosh Cosmetics? Имате ли омилен производ кој ми го препорачувате? Пишете ми доле во коментарите или на фејсбук, знаете дека обожавам кога го споделувате вашето мислење со мене.

Ви благодарам на вниманието и имајте прекрасен ден! ^^
Се читаме повторно, во наредна прилика. :*

You Might Also Like

0 comments