Tango with Bronzing Powder - Confessions Of Tanaholic

Friday, June 17, 2016









Овој блог пост е посветен за оние кои го сакаат летото и сакаат да изгледаат како да се вратиле од плажа и со денови уживале во убавините на морето и сонцето. Бронзерите се хит оваа сезона затоа што и го даваат оној блескав сјај на кожата на лицето и на телото без опасноста од сончевите зраци. Еден од најубавите бронзери што ги имам видено е бронзерот од NYX Cosmetics Tango with Bronzing Powder кој нуди пет различни верзии.

Доколку не сте запознаени со овој светски познат бренд на декоративна козметика, пропуштате премногу! NYX се популарен бренд од Америка кој што произведува високо квалитетни производи по достапни цени и може да се најдат во скоро сите дрогерии и поголеми маркети во светот. Патем, овој бренд е именуван по грчката божица на ноќта Никс и многу често соработува со своите бјути блогери и јутубери за создавање на нови производи.

Јас за себе го одбрав Confessions Of Tanaholic TWBP01 кој е мозаичен бронзер со светли, медиум и темни нијанси, совршен за мојот тен и изгледот кој посакувам да го постигнам. Освен совршеното пакување и дизајнот на производот, тој нуди и прекрасна четка со која можете лесно и прецизно да го нанесете бронзерот и практично огледалце. 

Доколку сте во потрага по убав, уникатен и квалитетен бронзер, од се срце ви го препорачувам. Целиот производ ме фасцинира! Совршено се нанесува на кожата, остава прекрасен финиш за кој не може да се објасни со зборови, мора да се проба, посакувам да можам цело тело да го покријам со него. Дефинитивно е еден од моите топ омилени производи за летово и му давам солидна оценка 5+. Неговата цена е 700 денари и во нашево Скопје единствено можете да го најдете во продавницата на Alexandar Cosmetics која се наоѓа во Капиштец. Тоа е единствениот проблем, што го нема во секоја дрогерија или продавница во градов, туку само на едно место. Но, љубовта не познава граници, нели? Јас сум пресреќна што конечно го најдов местото и не морам да чекам до следното патување надвор од државава или да порачувам преку интернет и да чекам производите да ми дојдат со недели за да си го купам она што ми е потребно од NYX. ^^



Како ви се допаѓа бронзеров? Имате ли пробано нешто од производите на NYX? (:

You Might Also Like

1 comments

  1. Дали одговара на светол тен, бидејки мојот е таков и дали има портокалов подтон??
    Фала :)

    ReplyDelete