#алеккготви: посни интегрални палачинки

Sunday, July 17, 2016


Палачинките се радост на секој без разлика на годините. Не потсеќаат на детство, на безгрижност и на среќа. Мајка ми ги правеше најубавите палачинки. Од кога престанав да јадам производи од животинско потекло не помислував на палачинки затоа што сите ми велеа дека не е можно да се направат без млеко и јајца. Но, јас најдов прекрасен и едноставен рецепт на веб страната на Виталиа со кој ги направив најубавите палачинки кои се надевам еден ден ќе ги радуваат моите деца исто онолку колку што мене ме радуваа оние на мајка ми.

Јас немам фенси тавче за палачинки, но имам супер тава од Делимано која ми заврши работа. Ова можеби ми е втор пат во животов да правам палачинки и сфатив за нивниот изглед е потребно многу трпение и вежбање, но јас сум задоволна со она што го создадов, а нивниот вкус беше магичен. <3!

Доколку сакате да си направите посни, вегански, интегрални палачинки..

Потребно е:
4 супени лажици SoVita соино млеко во прав од Виталиа
380 мл вода
70 гр интегрално пченично брашно Виталиа
140 гр бело брашно тип 400
5 супени лажици ладно цедено сончогледово масло Виталиа
1 кафена лажичка Демерара кафеав шеќер Виталиа
1/2 лажичка сол
1 кафена лажичка прашок за пециво
1 кесичка ванилин шеќер

Од овие состојќи излегуваат околу 5-6 палачинки
За подготовка на смесата се потребни 5 минути, додека за нивно готвење се потребни 20 мин
1 палачинка содржи 218 kcal, 37g јаглехидрати, 4.4g протеини, 5,7g масти

Подготовка:
1. Измешајте ги сите состојќи во подлабок сад
2. Оставете ја смесата да отстои околу 15 минути.
3. Пржете ги палачинките во добро загреано тавче премачкано со малку сончогледово масло.
4. Послужете ги палачинките додека се уште топли.

Палачинките не ги сакам тенки и со голем дијаметар. Сакам да ги редам една врз друга како мини торта и да ги јадам со нож и виљушка. Јас моите си ги декорирав со домашно слатко од јагоди и веган мусли од Виталиа. #оmnomnom



Како ви се допаѓа мојот обид? Имате некои препораки, совети, забелешки, коментари? Бишете ми слободно, обожавам кога добивам фидбек, не се чувствувам ко да си зборам сама со себе. :D

пс. Дали и вие ги обожавате производите на Виталиа или само јас сум опседната со се што нудат на пазарот?

You Might Also Like

0 comments