My biggest makeup secret!

Friday, July 08, 2016


I love my makeup brushes. I can’t imagine my life without them. But there is one thing I recently started using even though I had it for years, and that is my beauty blender. That one little pink sponge changed my makeup game. It made it so much easier to apply my foundation; the finish is always smooth, looks natural and effortless.

To be sincere, I bought it from Sephora long, long time ago because I saw so much rave about it on every social media. Even though it is quite expensive for my taste, I wanted to have it. Then, I put it somewhere in the back of my makeup collection that I forgot I have it. Maybe because I never saw somebody use a tool like that or maybe because I thought it is nothing special.

Few months ago I opened it for the first time and I read the instructions. It says that you must put it under water so you can use it and I was scared from the idea that a wet sponge will help me apply my foundation. Then, it grows 2 times its size and it is ready to be used.  My first impression wasn’t positive because, as I said, I love my makeup brushes, so I don’t know what made me to use it again and how much time it took for me to fall in love with this small object.


Now, I use it every day, on myself and my clients. I can’t explain how much it helps me to achieve that flawless foundation look.  It is by far the best thing that ever happened to me because it cuts the application time in two and it makes everything looking perfect. My all time favorite thing and something I will recommend buying over and over again, a true must have for every beauty lover out there.

You must have them all. Now, I am obsessed with beauty blenders. I have the original and the one from Real Techniques that you can find at a drugstore or online, but because we don’t have Sephora in our country, I found beauty sponges from other brands such as Ebeline, Aura and Avon. They are really cheap and affordable but if you can, I would suggest investing in the original beauty blender. Cleaning the beauty blender is really simple and easy. You just need soap and water. Dry it with a clean towel and it is ready to be used once again. That is my favorite part - the low maintenance. 


Ги обожавам моите четки, не можам да си го замислам животот без нив. Навистина не знам како сум можела да функционирам без нив. Тие се најдобрата инвестиција која ја имам направено.  Но, пред некое извесно време почнав да го користам ова мало розево, меко сунѓерче кое комплетно ја смени мојата рутина на шминкање. Неговото официјално име е Original Beauty Blender.  Ми помага со нанесување на течната пудра, го прави лицето совршено мазно и создава природен изглед без многу труд.

Ова сунѓерче го купив пред две години од Сефора, и бидејќи сум најискрена со вас ќе ви кажам дека единствената причина за мојата желба да го имам беше затоа што насекаде гледав и читав за него, па затоа ми беше на мојата листа на производи кои морам да ги имам. И потоа го ставив некаде во позадината на мојата колекција на шминки и ми стоеше како украс, неотворен и неупотребен, можеби затоа што не знаев како да го користам, а можеби затоа што бев заљубена во моите четки што не помислував дека нешто може да е подобро од нив.

Пред неколку месеци ми се појави желба да направам мала промена во нанесувањето на шминка и почнав да го користам. Се сеќавам дека бев скептична затоа што кога ги читав инструкциите кои доаѓаат во транспарентното кутивче, пишуваше дека треба да го намокриш со вода и тоа да ја зголеми својата големина за два пати, па потоа така влажно е спремно за користење. Многу е едноставно за чистење, потребно е само сапун и вода, а потоа го сушите со чиста крпа и е спремно за повторна употреба. Тоа ми се допаѓа најмногу, што е едноставно за одржување и лесно за користење. Го скратува времето на апликација на течната пудра и дава совршен, беспрекорен финиш на природен и измазнет изглед на лицето.

Сега го користам секој ден, како и на себе така и на моите клиенти и не можам да си го замислам животот без него. Бидејќи ние немаме Сефора, а јас не сум тип на девојка што преферира да нарачува преку интернет, најдов слични вакви сунѓерчиња од различни брендови кои се појавија во скоро време. Ја имаат истата форма и се користат на истиот принцип, но под различно име. Кај нас вакви сунгерчиња има од брендовите Ebeline во ДМ, Аура и Авон и тоа по навистина достапни цени, исто така има едно од брендот Real Techniques, но доколку можете и сакате би ви препорачала да инвестирате во оригиналниот Beauty Blender.



Доколку ве интересира начинот на неговото користење, погледнете некое од моите нови туторијали на јутуб. Воопшто не е комплицирано и го препорачувам од сесрце! Имајте прекрасен ден, се читаме во наредна прилика! :*

You Might Also Like

0 comments