Absolute Me

Wednesday, March 29, 2017

Која е мојата приказна? 
Што е тоа што ме прави тоа што сум?


Сонувам вивидно, во боја. Ме буди топлината на сончевите зраци. Конечно мириса на моето омилено годишно време, пролет. Уживам во голтките на првото, јако утринско кафе во придружба на моето омилено модно списание. Преферирам да носам удобна облека, која најчесно е црна и да ја комбинирам со моите најомилени старки. Процесот на нанесување шминка е мојот начин на медитација. Обожавам да експериментирам во кујната и да создавам нови специјалитети. Ги сакам оние долги прегратки што кажуваат многу повеќе од илјада зборови. Се губам во еден пар кафени очи во кои го гледам целиот универзум. Бесконечно верувам во добрината на луѓето. Моето куче Лана ми го има променето животот на подобро, се надевам дека ја правам среќна исто онолку колку што она мене ме радува. Креативноста е она што ми дава живот додека перфекционизмот ме спречува да правам повеќе од она што го прикажувам. Сонувам вивидно, во боја, дури и кога сум будна. И никогаш нема да престанам да верувам во своите соништа и да се трудам да ги остварам.

Ова е мојата приказна, во кратки црти. Која е вашата?

Прочитајте повеќе за новата  Absolute Me stories кампања подолу и креирајте ја вашата приказна која може да ви донесе вредни награди и патувања!


Новиот мирис од BU, те повикува да ја искажеш својата женственост со твојот сопствен печат. Да се чувствуваш слободна и да бидеш таа која што си! Да го славиш своето апсолутно ЈАС! Апсолутната женственост значи гордеење со себе за работите кои не прават различни и уникатни. Изразувајќи ја апсолутната ти, стануваш уникатна, интригантна и посебна! Од самото пакување, па се до мирисот, „Absolute Me“ ги отсликува модерната женственост и сензуалност во исто време.

Инспирирано од последниот тренд на црната и белата боја со нежен допир на цветна розова, новиот „Absolute Me“ мирис претставува безвремена сензација за апсолутно задоволство! Уникатниот мирис отвора со арома на мандарина, крцкаво јаболко и ноти на сочна круша. Во своето срце го има виолетовиот мирис и фрезија кои се обвиткани со нежниот мирис на сандалово дрво. Нотите на карамела која омекнува, добива млечна нота во средината и потоа затемнува и дава длабочина на основниот мирис.


Absolute Me е инспирација на младите девојки да ги прегрнат сите свои различни карактеристики и да ја изразат својата личност. Да ги искажат своите приказни. 
Значи, која е твојата „Absolute Me“ приказна?


КАКО ДА УЧЕСТВУВАШ?

Започни ја твојата приказна. Регистрирај се преку Facebook или e-mail, пополни ги твоите информации и наслов и започни со креирање на твојата Absolute Me приказна и добиј специјални подароци!
Додади фотографии или видеа, наполни ја твојата Absolute Me приказна и погледни го твоето лично Absolute Me видео или колаж!
За да можеш да имаш шанса за да освоиш некој од специјалните подароци, треба да додадеш најмалку 5 фотографии или видеа во 2 различни денови. Колку повеќе фотографии и видеа, толку се поголеми шансите да добиеш специјални подароци!
Сподели ја твојата Absolute Me приказна со твоите пријатели и покани ги да креираат нивна сопствена Absolute Me приказна и видео!

повеќе инфо и пријавување на


Изразете ја својата разноликост и флексибилност бидејќи тоа е она кое ве прави уникатни, интригантни и посебни! Славете ја вашата тотална женственост!

#AbsoluteMeStories

You Might Also Like

0 comments