Quick & Easy Vegan Dessert Idea: Vanilla Pudding

Wednesday, April 05, 2017



Пудингот е еден од моите најомилени десерти, додека пак ванилата е мојот најомилен вкус (и мирис). Сите сме запознаени со приготвувањето на пудингот но, не сите знаеме дека постои веган опција на традиционалниот пудинг кој скоро секогаш во себе содржи лактоза и глутен. Затоа ми е мерак и задоволство да пазарувам во дм дрогериите кои секогаш имаат одлични опции за вкусна, здрава, интегрална, безглутенска и веган храна. 


Овој пудинг е лесен за правење, превкусен и неодолив. Го искомбинирав со моето омилено соино млеко со ванила иако вие можете да го направите со било кој друг напиток на растителна база. За крај додадов сируп од агава и овошје за да го комплетирам совршениот вкус.


За да го подготвите овој десерт 
ќе ви бидат потребни:
dmBio ванила пудинг
dmBio соин напиток со ванила
dmBio сируп од агава
две супени лажици шеќер
овошје по ваш избор


Подготовка:
1. Од 500мл соин напиток извадете 6 супени лажици и ставете го да се загрева додека да почне да врие
2. Прашокот се меша со 2 супени лажици шеќер со 6те супени лажици соин напиток се додека не се изедначи смесата и полека се додева во соиниот напиток кој врие со постојано мешање
3. Мешајте убаво и варете една минута на ниска температура.
4. Поделете ја добиената смеса во стаклени садови за пудинг и оставете ги да се оладат
5. Од кога ќе се оладат, додадете го сирупот и овошјето и

Уживајте во прекрасниот вкус!


dmBio Пудингот од ванила е без глутен, без лактоза и од билошко потекло. Неговиот состав е пченкарен скроб, 1,6% бурбон од ванила и хималајска сол
dmBio соиниот напиток од ванила е 100% растителен, настанат без употреба на генетска технологија и е без глутен, без лактоза, без млечни белковини, богат со растителни белковини и е од органско потекло. Неговиот состав е вода, 7% цоја, шеќер од шеќерна репа, екстракт од бурбон-ванила, морска сол.

Овие производи можете да ги најдете по достапни цени во сите дм дрогерии!
прочитајте повеќе за овие производи тука.

Како ви се допадна овој блог пост?
Оставете ми коментар подоле. ^^

You Might Also Like

0 comments