Golden Rose Lip Markers Review & Swatches

Tuesday, May 30, 2017

Кога некој ќе спомне маркер, веднаш те потсетува на подвлечени реченици во учебници и скрипти, најчесто во впечатлива јака боја и специфичен мирис. Освен оние маркери кои се наменети за истакнување на важни дефиниции, ги имаме и оние за цртање, боење и пишување. Дали некогаш сте помислиле дека маркерот може да биде наменет и за цртање на лице, како на пример, исцртување на усни? Ако споредиме, лицето е како лист хартија, а шминката е алатка за создавање еден вид на уметност.


Маркерите за усни од Golden Rose се создадени за прецизно нанесување на интензивна и долготрајна боја на усните која нема да се размачкува или пренесува. Збогатени со алое вера и витамин Е, овие маркери не само што ви даваат прекрасна боја туку и се грижат за вашите усни. Нанесувањето е лесно и едноставно, исто како со обичен маркер да цртате на еден лист хартија. Се суши брзо и трае до 12 часа, истовремено не ги суши усните и не ве прави да се чувствувате дека имате нанесено некаков производ на нив.

Ми се допаѓа тоа што се заштитени со пластична обвивка која ви гарантира дека вие сте првите што ќе ги отворите и користите. Овие Lip Markers доаѓаат во 6 бои во пластично пакување кое се отвара исто како обичен маркер. Апликаторот е соодветно дизајниран за да помогне со исцртување и исполнување на усните со посакуваната боја. Еден маркер за усни нуди производ од 2.5 мл и трае 6 месеци од неговото отварање. Овие производи се дерматолошки тестирани и направени во Германија. Нивната цена е 285 денари и можете да ги најдете во сите продавници на Golden Rose Macedonia.



Golden Rose се повеќе се препознатливи по одличните производи за усни. Ова е уште еден кој го заслужува вашето целосно внимание. Ме фасцинира колку едноставно се нанесува и колку долго трае! Со сигурност го препорачувам на секој кој обожава производи за усни а и на оние како мене кои усните ги оставаат за крај, па им треба брз начин за исцртување и обојување!

ПС. Мојот најомилен е маркерот за усни со број 104. 

Дали ги имате пробано овие интересни маркери за усни?
Оставете ми коментар подоле. ^^

Се надевам дека ви се допадна овој блог пост!
Ви благодарам на вниманието и имајте прекрасен ден!

No comments:

Powered by Blogger.