Trendy statement nails for summer! #manimonday

Monday, May 29, 2017


Летото доаѓа, а со тоа и ведрите бои кои најчесто се инспирирани од шарените цветови, летните фустани, азурното море и ведрото небо. Ова е совршен период за убави и средени нокти со впечатливи бои кои ќе бидат дел од вашата модна комбинација. Доколку сакате да заштедите на време и финансиски  сретства, направете брз и ефикасен маникир во домашни услови! Ќе ви бидат потребни овие производи и со неколку едноставни чекори сте готови за неколку минути.


Дa, долгите нокти се преубави, но понекогаш заслужуваат одмор. И ние и тие. Затоа решив да ги скратам моите до крај за да пораснат поцврсти, поздрави и посјајни. Летото нека биде одмор и за нив. Кратките нокти се полесни за средување и одржување, а и помалку пречат во секојдневните обврски.

Започнете со чисти раце и идеја за облик на нокти. Без разлика дали имате или немате нанесено лак, морате да ја отстраните нечистотијата на површината на ноктот. За таа намена ви го препорачувам ebelin отстранувачот на лак за нокти 2 in 1 express кој е без ацетон и кој со помош на интегрираниот сунѓер за кратко време го отстранува лакот. Сум заљубена во иновативноста, ефикасноста и самиот изглед на овој производ! Може да се користи и за педикир со тоа што ќе го користите сунѓерчето кое е прикачено за капачето.


Потоа, користејќи квалитетна турпија и останат прибор за уредување и обликување на ноктите, потрудете се да им ја дадете посакуваната должина и форма. Обрнете внимание на кутикулите и на кожата околу ноктите. Доколку паралелно правите и педикир, користете сепаратори за прсти кои ќе ви го олеснат нанесувањето и ќе се погрижат да не го размачкате лакот. Интересни сепаратори и прибор за уредување на нокти нуди брендот ebelin кој можете да го пронајдете во сите продавници на dm drogerie markt Makedonija.

Од кога ќе сте задоволни со должината и обликот, започнете со нанесување на основата. За основа го користам заштитиниот базен лак со калциум ultra stay base coat од брендот sh.e stylezone. Пред употреба убаво протресете го, нанесете еден тенок слој и почекајте да се исуши. Овој лак ќе ги зацврсти вашите нокти и ќе го направи лакот подолготраен и посјаен.


И за крај најтешкиот дел, да се одлучиш за боја! Ги препорачувам лаковите quick'n crazy nail polish од брендот s.he stylezone затоа што секогаш нудат нови и интересни бои, екстремно брзо се сушат, долго траат и се навистина евтини. Јас сум заљубена во азурната која ме потсетува на море и плажа, но обожавам често да ги менувам онака како што се чувствувам. За совршени резултати, нанесете еден тенок слој, почекајте убаво да се исуши па нанесете го вториот и на тој начин ќе имате интензивна боја која ќе трае со денови! 


Во мојата колекција ги додадов нијансите 640 која е интензивна розева, 690 која е прекрасна сина и 720 која ми е најомилена азурна, сино зелена. Која е вашата најомилена? Цената на овие лакови е 75 денари и можете да ги најдете во сите продавници на dm drogerie markt Makedonija како и отстранувачот на лак за нокти, сепараторите и базниот лак!

Се надевам ви се допана овој блог пост! 
Имајте прекрасен ден и уживајте во почетокот на новата работна недела!

You Might Also Like

0 comments