Meet my Philips Lumea Prestige!


Отстранувањето на несаканите влакненца е обврска за која никој не сака да разговара. Чудно е како нешто толку природно и секојдневно е ставено во категорија на табу тема. Сите имаме свој начин и своја рутина, но потсвесно сигурна сум дека сите им љубомориме на оние кои секогаш имаат мазни нозе и ги истакнуваат во кратки панталончиња, згодни здолништа и лелеави фустанчиња или пак на спротивниот пол кој воопшто не мора да се замара со оваа практика.

Се сеќавам на првиот пат кога ја здогледав. Во една од нашите добро познати локални продавници за технички производи, стоев на каса до девојка која плаќаше за неа и од блиску можев да видам дека конечно и кај нас дојде долгопосакуваното решение кое што одамна сите потајно го посакувавме. Си ветив дека еден ден ќе ја имам и јас и ќе ме ослободи од обврската за која малкумина зборуваат отворено, а на многумина им претставува пречка. После година посакување, имам чест да ја испробам и со вас да го споделам моето искуство, да ги одговорам вашите прашања, но пред се да ве запознаам со овој револуционерен производ кој сите ќе не направи послободни, посреќни и посамоуверени. Ми претставува огромно задоволство да ве запознаам со мојата Lumea од Philips.


Фото епилаторот Philips Lumea е апарат наменет за индивидуална употреба во удобноста на вашиот дом кој ќе ви го промени животот на подобро. Заборавете на долгите и болни депилации и епилации, краткотрајните резултати од употребата на брич или пак лошиот мирис на кремите за отстранување на несаканите влакненца.

Прв впечаток.
За почеток, првото нешто што се забележува од кога ќе ја отворите прекрасно спакуваната кутија е тоа што aпаратот изгледа прекрасно, дизајнот е совршен, не е тежок и може без проблем подолго време да се држи со една рака. Доаѓа со адаптер за полнење, додатоци за менување по потреба и бела ташничка соодветна за негово чување.

Се прашувате како работи Lumea? Овој апарат функционира благодарение на технологијата IPL (интензивна пулсирачка светлина) која е воведена за безбедно, ефикасно и професионално отстранување на непосакуваните влакненца. Lumea ги испраќа овие нежни светлосни пулсирања до коренот на влакното и го стимулираат влакното да влезе во фаза на одмор, односно да заспие. Како резултат на ова, влакното природно опаѓа и се спречува неговото повторно растење.


Како ја користам мојата Lumea?
Се прашував дали ја користам Lumea на вистинскиот начин, а одговорите на сите мои прашања ги најдов на www.lumea.philips.com.mk во делот Најчесто поставувани прашања, каде можете да ги најдете сите информации кои ве интересираат.
За почеток, Lumea може да се користи на батерија, но јас преферирам да ја користам приклучена во струја, затоа што забележав дека на тој начин функционира побрзо. Ја користам после туширање од кога сум сигурна дека кожата е чиста, мазна, но и целосно сува. Не нанесувам никакви лосиони ниту пак креми за после туширање, туку веднаш започнувам со третманот. Јас имам светла кожа која лесно гори на сонце, но имам темно влакно, па затоа од кога ќе го вклучам одбирам интензитетот на светлина да биде 4. Апаратот секогаш се користи под прав агол со кожата. Од кога нежно ќе се притисне за да дојде во контакт со кожата,  апаратот ја тестира површината и компитабилноста и ако се е во ред на задниот дел се пали  бела светилка која информира дека може да се продолжи со третманот. Се притиснува копчето на рачката и апаратот ослободува светлина која прави да чувствувате нежна топлина на местото кое го третирате. На истиот начин се продолжува на следната површина.Првите третмани се рават во интервал од две недели, а по петтиот третман истиот процес се повторува на месец, месец и пол.


Каде ја користам мојата Lumea?
Lumea е безбедна за користење на целото тело, а ја користам на нозете, рацете, над усните и на брадата, на стомакот, препоните и под пазувите. За секое од овие места има различен и специјален додаток кој се менува. Третманот на секое од овие места на кожата на телото е брз, безболен и едноставен.

По првиот третман, на влакненцата им беше потребно една недела за природно да паднат. Забележав дека значително се изретчија, но некои сеуште растеа. Се загрижив дека можеби нешто сум погрешила, но тоа всушност е нормално затоа што не сите влакненца растат во исто време и биле во процес на растење за време на првиот третман. После вториот третман, резултатите веќе беа навистина видливи. Повеќе од половина не беа видливи. Јас ги завршив моите први 3 третмани, и можам да кажам дека 90% од несаканите влакненца не се повеќе присутни, планирам да направам уште 2 и сум спремна да целосно да уживам во летото. После редовните третмани на две недели, се продолжува со третмани на месец-два кои се наменети да го одржуваат резултатот максимално позитивен, а третманот видливо успешен.


Негативните страни се неспоредливи во споредба со позитивните, но сметам дека треба да се споменат. Прво, цената на овој апарат е 500 евра. НО, неговото траење е наменето за 500 употреби, а тоа е доволно за наредните 7-8 години. Ако би ги пресметале месечните давања за болни депалации, восоци, епилатори, бричеви и креми, разликата е тоа што овој апарат е долгогодишна инвестиција за која треба да се одлучите. Второ, ако сте нетрпелив човек кој сака веднаш и сега, Lumea бара трпение, посветеност и држење до одреден распоред. Но, сепак мислам дека саат, саат и пол на две недели е подобра опција од останатите понудени. Доколку сте човек со слаба меморија како што сум јас, можете да си ја симнете апликацијата која ќе ви помогне со креирање на ваиот распоред, ќе ве потсетува за следните третмани и ќе ви понуди совети за успешно користење на овој апарат. Трето, Lumea не е за секој и за сите. Доколку тенот ви е премногу темен или пак бојата на влакното светла, сива, бела или црвена. Исто така не можете да ја користите на делови на телото каде што имате тетоважи.

Јас сум презадоволна! Уште од почетокот бев пресреќна за оваа можност, воопшто не бев скептична и позитивните резултати не ме изненадија затоа што уште пред да ја имам бев запознаена и информирана за се она што го нуди и го создава. Најважното од се, Lumea ви дава максимална самодоверба и апсолутна слобода, сето тоа на еден безболен, безбеден, долготраен и ефикасен начин од удобноста на вашиот дом. Топло го препорачувам на сите оние кои сакаат долготрајно решение, ослободување и препородување.


пс. Доколку имате некои прашања, оставете ги подоле во коментар или пишете ми ги во порака на фејсбук. Ќе ми биде мило да ви помогнам и да ви одговорам на се она што ве интересира, Очекувајте и видео на мојот јутуб канал каде што подетално ќе ви покажам како изгледа и како ја користам мојата Lumea, а до тогаш следете ме на инстаграм за повеќе интересни фотки и инста видеа.

No comments:

Powered by Blogger.