Take It Off!

Tuesday, June 13, 2017


Нанесувањето шминка претставува задоволство, но она во кое малкумина уживаат е нејзиното отстранување. Но, за чисто и негувано лице потребно е секогаш да ја отстранувате шминката пред да си легнете, без исклучоци. За тој процес да ви стане едноставна секојдневна рутина постојат навистина многу начини кои во комбинација со козметички производи ќе ви го олеснат отстранувањето и ќе ви го разубават лицето. Моментално најактуелни отстранувачи на шминка се двофазните лосиони и мицеларните води кои се новитети од брендот Aura и го носат името Take It Off и ви помагаат во два едноставни и брзи чекори да се ослободите од шминката и темелно да го исчитите лицето.



Првиот чекор е со помош на двофазниот лосион Take It Off за отстранување шминка од Аура кој ефикасно ја отстранува и најводоотпорната шминка од вашите очи и усни. Соодветен е за личности кои имаат осетливи очи затоа што неговата формула е нежна, без парабени и минерални масла. Овој двофазен лосион содржи вода од хамамелис и роза. Пред употреба течноста во шишенцето е поделена, па затоа треба убаво да се протресе за да се измеша. Потоа со памучен, козметички туфер се нанесува од течноста и нежни кружни движења се отстранува шминката околу очите, на лицето и усните. По негова употреба кожата е освежена, тонирана и без присутство на маснотија. Цената на овој производ од 100 мл е 164 денари и можете да го најдете во продавниците на dm drogerie markt Makedonija, Cosmo Tinex или онлајн на hipermarket.mk.



Вториот чекор е употреба на мицеларната вода од Аура кој темелно, брзо и ефикасно ја чисти кожата на лицето. Со оваа проѕирна течност ќе ги отстраните сите преостанати нечистотии и остатоци од шминка. Мицеларната вода Take It Off е комбинација од води од рози и камилица со сок од алое вера, па затоа е совршена за нежна кожа и кожа која е склона на иритација. По отстранувањето со оваа мицерална вода кожата е чиста, свежа, блескава и нема потреба од миење на лицето со вода, па затоа е совршен за пред спиење додека уживате во удобноста на вашиот кревет. Дерматолошки и офталмолошки тестиран производ од 200 мл чија цена е 176 денари и можете да го најдете во продавниците на dm drogerie markt MakedonijaCosmo Tinex или онлајн на hipermarket.mk.

Јас сум презадоволна од овие производи и ги препорачувам на сите оние кои сакаат да им биде олеснето отстранувањето на шминката на крајот на денот. Прекрасно мирисаат, нежни се на кожата и навистина со малку течност на памукче брзо, ефикасно и едноставно ја отстрануваат шминката и нечистотијата од кожата на лицето. Мицеларната вода ја користам и за брзо чистење на лицето пред да нанесам прајмери и да започнам со нанесување на шминката. Пакувањето е цврсто и одлично за патување, а се што ви треба плус се неколку козметички памучни туфери и да уживате во чистата и блескава кожа!


You Might Also Like

0 comments