My Top 5 Must Have Products from INGLOT Cosmetics Macedonia

Wednesday, July 26, 2017

Овој месец, конечно во Скопје, поточно во Ramstore Mall, се отвори првата продавница на еден од најдобрите козметички брендови во светот, INGLOT Cosmetics. Овој полски бренд го освојува пазарот повеќе од 30 години, нуди поголем број разновидни производи и има отворено повеќе продавници од некои брендови кои се повеќе познати и подолго присутни. Она што посебно ми се допаѓа кај овој бренд, освен високиот квалитет на производите што ги нуди, е тоа што постојано напреднува и е во тек со најновата технологија, се грижи за природата, за своите потрошувачи и не тестира на животни. За да не биде овој блог пост премногу долг, ова се моите ТОП 5 производи кои се најпознати за овој бренд, кои се најпродавани и најпосакувани.

DURALINE 
Производот кој го прослави INGLOT и кој е препознатлив за овој бренд. Моќна, безбојна, хипоалергена течност која не содржи вода и која може да и даде дополнителен интензитет на бојата на било која сенка во прав и може да ја трансформира во погуста течност која лесно се нанесува, прекрасно изгледа и е отпорна на вода. Исто така може да користи и за оживување на остарен или исушен гелен производ.


AMC EYELINER GEL
Овие хипоалергени и водоотпорни гелни тушеви за очи нудат навистина висок интензитет на пигменти кои даваат идеална покривност и богата боја со само една единствена апликација на производот. Нивната формула е кремаста, долготрајна, не се размачкува и не се пренесува. Гел тушот со број 77 е најпродаваниот производ на INGLOT и секогаш прв се распродадува.



AMC PURE PIGMENT EYE SHADOW
Ова се дефинитивно најдобрите пигменти на пазарот и уште една од причините зашто INGLOT е препознатлив. Овој хипоалерген производ е високо концентриран слободен прав кој нуди суптилен до високо интензивен ефект, зависно од апликацијата. Исто така може да се користи во комбинација со DURALINE да за се создаде течна форма од сите пигменти.


FREEDOM SYSTEM EYE SHADOW 
MATTE  / DS / AMC / AMC SHINE / PEARL

Сенките кои ги нуди INGLOT содржат специјални силикони и третирани пигменти кои се нанесуваат и блендираат лесно, нудат интензивна боја, со прекрасни и разновидни финиши, се долготрајни и не се пренесуваат на капакот од окото.

Уникатниот Freedom System ви дозволува вие самите да си ги создавате вашите персонализирани палети со комбинирање на различни производи и бои кои вие ќе ги одберете во палети од неколку големини. Овие палети се користат повторно со надополнување, што е навистина еколошки од страна на овој бренд.


HD PERFECT COVERUP FOUNDATION
HD Пудратата создава медиум до целосна покривност со полу мат финиш, која е соодветна за секојдневно користење, но и за специјални моменти па дури и за појава под интензивни светла и присутност пред фотоапарат или камера.
Нејзината хипоалергена формула нуди долготрајна покривност и за покрива сите несовршености на лицето истовремено ветувајќи ви природен, негуван и беспрекорен изглед на лицето кое се адаптира на сите типови на кожа дури и за оние кои имаат чувствителна и лесно иритирана кожа и не дозволува создавање отсјај поподолго носење.
Пакувањето е создадено паметно што на тој начин што во него нема воздух квалитетот и безбедноста се задржани до максимум, а со специјалната пумпа вие со сигурност ќе ја искористите до последната капка.


FREEDOM SYSTEM AMC PRESSED POWDER ROUND
Камените пудри се одлични за фиксирање на течната пудра за да сте сигурни во нејзината долготрајност. Овие камени пудри создаваат долготраен, природен изглед. Freedom системот е совршен за оние кои работат со шминки или пак се големи љубители на истите затоа што ви дозволува да комбинирате и да создавате ваши палети за вашите потреби. Пакувањето е еколошко и може да се користи повторно.
9 g/0.46 oz


Ова се само ТОП 5 од безбројните различни производи кои ги нуди INGLOT.  Морам на кратко да ги споменам KHOL моливчињата за очи, AMC геловите за веѓи и FM моливчињата за уста кои дефинитивно го заслужуваат вашето внимание. 
Посетете ја продавницата, пробајте ги производите и подновете се врвен квалитет. 


Think BEAUTY, Think INGLOT!

1 comment:

  1. Zdravo, dali ke moze make up tutorijal so nivnata kozmetika?
    Pozdrav!

    ReplyDelete

Powered by Blogger.