Dancing In The Sun | Summer Favorites

Monday, August 21, 2017

Омилени производи кои ми го означија летото!

Искрено, обожавам лето! Долго седење на плажа со ситен песок, уживање во кристално солено море, поглед кон прекрасно азурно небо и топли сончеви зраци кои ти ја галат кожата и косата. Да би можела, би живеела покрај море и секојдневно би уживала во убавината на овој период од годината. Ова лето дефинитивно бев спремна за на плажа и за грижа по плажа. Си носев цела торбичка производи кои ги користев за кожата и косата затоа што знам дека иако го сакам интензивното сонце и соленото море, моите кожа и коса имаат потреба од дополнителна нега и внимание. Па, без многу одолговлекување, ова се моите фаворити кои ми го означија и ми помогнаа максимално да уживам во летото!


На плажа, за заштита од сонцето, користев SUNDANCE пена за интензивна заштита со фактор 30. Имав два, со мирис на јагода и со мирис на лубеница. Значи, овие два производи ми го разубавија летото до максимум! Никогаш не сум била фан на оние класични креми за сончање затоа што тешко ми се размачкувале и им требало долго време да се впијат во кожата, па затоа овие ми беа рај за користење! Пената лесно се размачкуваше, брзо се впиваше, беше водоотпорна и прекрасно мирисаше, особено кога ќе влезев во вода, мирисот се истакнуваше уште повеќе! Никогаш повеќе нема да се вратам на било кој друг производ за заштита од сонце, ова е мојот фаворит, дефинитивно!


Во ташничката за на плажа секогаш си носев балзам за усни SUNDANCE со кокос, ванила, витамин Е и заштитен фактор 30 затоа што и на усните им е потребно внимание бидејќи и тие понекогаш знаат да изгорат и да се исушат!


По целодневното уживање на плажа и пливање во море, во бањата прво користев Balea Professional шампон и балзам 2 во 1 за после сончање кој одлично ја заштитуваше мојата коса летово. Одличен за оштетена коса како мојата, ја чуваше нејзината влажност. Овој шампон е без силикон, со ув-заштита и неговата формула е со екстракт од папаја и масло од кокос. Го обожавав затоа што нежно ја миеше косата, ги отстрануваше сите непотребни остатоци од морска сол или песок, убаво ми делуваше на скалпот, интензивно ја негуваше косата и ја правеше лесна за расчешлување. Прекрасно мириса и создава убава пена. Овој шампон е вегански.


Потоа, за тело користев Balea гел за туширање за после сончање кој беше наменет за лесно отстранување на крема за сончање, морска сол, песок. Нежно ја чистеше кожата и ја штитеше од исушување. Интересно е тоа што создаваше ефект на ладење, одлично чувство на кожата која била цел ден изложена на интензивните сончеви зраци. Овој гел, како и сите кои сум ги користела до сега од Balea, совршено мириса и те прави да се чувствуваш прекрасно! Овој производ исто така е веган!


Од кога ќе се исушев со пешкир, на косата нанесував Balea Professional заштитен спреј за коса од сонце кој е со ув-заштита и штити од сончевите зраци кои не се добри за кожата и косата. Овој спреј ја чуваше природната влажност на косата, ми ја правеше полесно да се расчешлува, и даваше посебен прекрасен сјај и преубав мирис. Неговата формула содржи фито кератин, екстракт од кактус и пантенол кои ја штитат косата, ја хидрираат и ја негуваат. Можеше да се користи постојано секој пат кога ќе излезев од вода, но јас преферирав да го користам после туширање на чиста коса. Прекрасен производ кој сеуште го користам секојдневно. Овој производ исто така е веган.

За крај, од кога сум сува и мојата кожа е чиста, го користев Balea гелот за тело од алое вера кој беше најпрекрасното нешто што постои. Овој гел ја смируваше, ја ладеше и интензивно ја негуваше мојата кожа баш онака како што ми беше потребно после цел ден изложена на сонце. Она што најмногу ми се допадна беше тоа што лесно се нанесуваше и брзо се абсорбираше во кожата. Остава прекрасен мири и чувство на ладење. Нанесував подебел слој, убаво го размачкував и оставав да се впие па потоа се облекував. И овој производ е веган!


На лицето, од кога ќе го исчистев и убаво исушев, користев SUNDANCE концентрат за после сончање кој ја смируваше и негуваше кожата со помош на екстрактот од кактус , пантенолот, алантонинот и хијалуронската киселина. Овој производ нуди оптимална хидратација на кожата која е оштетена од сонцето или предолго време била изложена на сончевите зраци па и е потребна поинтензивна нега. Содржината нежно со дланките ја нанесував на лицето, деколтето и вратот и го избегнував пределот околу очите и го натапкував додека не се упие. Доколку посакував разладувачки ефект можев да го чувам во фрижидер. Овој производ ми ја направи кожата среќна, смирена, негувана и сјајна!


Кој е вашиот омилен производ за летово? 
Дали имате пробано некој од овие производи? 
Како ви се допадна?

Пишете ми коментар подоле. (:

Иако летото сеуште не е завршено и може да следува уште некој спонтан викенд на плажа и покрај море, сакав да ги споделам со вас моите омилени производи за ова лето. Се надевам дека ви се допадна овој блог пост и се читаме набрзо!

You Might Also Like

0 comments