City Lights ♡ Aura Kozmetika

Thursday, November 23, 2017


Доколку ме следите веќе подолго време на блогот и ми ги гледате видеата на мојот youtube канал, веќе знаете дека сум опседната со хајлајтери и иако помина летниот периодот кога хајлајтот беше апсолутен хит, тој продолжува да го дополнува изгледот на секој мејкап изглед што го создавам. Едноставно ми се допаѓа како изгледа на лицето и начинот на кој ја дополнува шминката. Хајлајтерот секогаш го комбинирам со контурирањето кој е одличен начин за дефинирање на цртите на лицето, но доколку сакате поприроден изглед, можеби е време да пробате стробинг.


Стробинг (strobing) е техника која може да се каже дека е спротивна од контурирањето на лицето, односно се фокусира само на хајлајтирање и создавање на природен изглед со истакнување на највисоките точки на лицето, онаму каде светлината прва допира. Оваа техника е инспирацијата позади City Lights лимитираната колекција од Аура која веќе подолго време можете да ја најдете на полиците во вашите омилени продавници. Максимално е посветена на создавање апсолутниот сјај на вашето лице и нуди повеќе производи со три различни финиши.



Aura City Lights Strobing Stick Fresh Radiance
Street Vibe & Night Life
Овие мултифункционални стикови се кремасти, нежни и интензивни. Содржат путер од какао, витамин Е и масло од семки од грозје. Со нив можете директно да нанесете на лицето и потоа да ги изблендирате со помош на вашите прсти или со сунѓерче. Убаво се нанесуваат, лесно се блендираат и прекрасно изгледаат. Доаѓаат во две нијанси, едната која е златеникава додека другата е бисерна. Добивате 5гр производ кој трае 18 месеци.



Aura City Lights Strobing Cream Luminous Finish
Street Vibe & Night Life
Овие течни бази се нанесуваат пред пудрата на оние места каде сакате да добиете дополнителен сјај. Пакувањето е стаклено и доаѓа со пумпа и со едно притискање доволно се добива за целото лице. Производот не е премногу течен, убаво се нанесува и веднаш се впивана во кожата, има нежен мирис и свиленкаст финиш. Иако има две нијанси сепак кога ќе се нанесат на лицето не се забележува разликата, но сепак даваат чувство на хидратантна, негуана и здрава кожа со природен сјај. Добивате 16мл производ кој трае 6 месеци.



Aura City Lights Strobing Palette
Оваа палета нуди три хајлајтери во различни нијанси и тоа во бисерна, розева и кафена. Пакувањето е оластично и внатре има мало правоаголно огледалце. Првата нијанса ми е најомилена бидејќи тенот ми е светол, додека пак третата, најтемната, совршено би изгледала на исунчана кожа. Овие хајлајтери се навистина интензивни и високо пигменирани. Прекрасно се нанесуваат со четка и солидно се блендираат со кожата. Оваа палета нуди 3х4гр производ кој трае 18 месеци.

Aura  City Lights Strobing Stick Night Life 
Доколку сте како мене и посакувате хајлајтот да ви биде забележителен од далеку, тогаш слободно комбинирајте ги овие три типа на производи. И без разлика што веќе ја чувствуваме зимата, никогаш не е лошо време за малку посебен сјај на вашето лице кој ќе ве потсетува на прекрасните, долги летни денови.



You Might Also Like

0 comments