Како успешно да се ослободите од досадните митесери?

Wednesday, December 20, 2017


Грижата и негата на мојата кожа ми се навистина важни. А ако сте како мене и имате постојан проблем со досадните митесери кои најчесто ми се појавуваат на носот, на брадата и на челото, ова е моето решение кое што сакам да го споделам со вас. Веќе подолго време ова е мојата рутина за длабинско чистење и интензивна нега на кожата на лицето и на овој начин го отстранувам овој проблем. И се се промени кога додадов чекор плус во мојата рутина кој што ви препорачувам да го пробате и за кој што ви се потребни неколку состојќи кои сигурно ги имате дома.


Првиот чекор од мојата рутина е едноставен но најзначаен, а тоа е да ги отворите порите на лицето со помош на топла вода или пареа. Од како ќе го измијам лицето со Balea Soft & Clear 3 во 1 пилинг маската за чистење на лице, се концентрирам на површината на носот затоа што таму е мојот најголем проблем. Земам сунѓерче за чистење на лице и го натопувам со топла вода, да не е врела но најтопла колку што можам да ја издржам без да ме изгори и го држам неколку секунди на носот. Ако немате сунѓерче можете да земете мала крпа. Потоа пак го натопувам за да ја одржам високата температурата и го повторувам ова повеќе пати низ период од неколку минути.


Следно, време е тајната состојка, трикот кој ми ја промени и подобри рутината; ја создавам оваа едноставна смеса која што се состои од лажичка сода бикарбона, малку паста за заби и неколку капки вода. Ја нанесувам на носот и останатите делови од лицето каде што сметам дека има потреба и со кружни движена ја распространувам низ целата површина. Потоа земам четка за заби која ми е наменета за оваа рутина и со кружни движења ја поминувам кожата. Веќе чувствувам инстантно чистење и свежина, а по минута две ја отстранувам смесата на носот со топла вода и мојата кожа е видливо почиста, помазна и посјајна.


Потоа ја ставам оваа Balea црна лента за нос. Од сите што ги имам пробано оваа најмногу ми се допаѓа. Содржи активен јаглен, салицилна киселина и масло од чајно дрво и е наменета за длабоко пробивање на порите од нечистотии и митесери и спречува од нивна повторна појава. Но, ако имате кожа како мојата, тие упорно се појавуваат без разлика што и да правам, така да овој процес го правам минимум два пати неделно за да сум сигурна дека се отстранети.


Потоа нанесувам маска за лице кое што дополнително ми ја чисти кожата. Најчесто користам црна маска Balea PEEL-OFF со активен јаглен затоа што ми се допаѓа како се нанесува и колку лесно се отстранува, и секако ефектот кој го создава и изгледот на моето лице потоа. Оваа маска исто така содржи алое вера, витамин Е и пантенол кои ја смируваат кожата, ја штитат и ја задржуваат нејзината природна рамнотежа. Ја оставам да делува 15 минути и потоа ја отстранувам со најголемо задоволство.

На крај земам Balea мицеларен тоник со кој го поминувам целото лице. Овој тоник е исто така со активен јаглен  и е наменет за секојдневно чистење на кожата и не е потребно да се мие лицето после неговото користење. На крај нанесувам дневна или вечерна крема и уживам во совршено чистата кожа и нејзиниот прекрасен изглед.


Оваа рутина ја правам неколку пати неделно. За секојдневна употреба ја користам Balea Soft & Clear 3 во 1 пилинг маската за чистење на лице, Balea мицеларениот тоник и Balea влажните марамици за чистење на лице со активен јаглен. Не знам дали е некоја форма на OCD или слично, но сакам да користам само еден бренд и една линија на производи кои се наменети за одредена работа, како на пример оваа колекција со активен јаглен. Патем, сите овие производи се вегански и не се тестирани на животни што е пре-кра-сно!


пс. Balea влажните марамици со активен јаглен ми се најомиленото нешто од целата колекција и најдоброто нешто што го имам пробано до сега. Совршено го чистат лицето и веднаш ја вадат шминката. Патем се целосно црни што е бонус за некој кој што очигледно преферира црна боја. :)

Дали имате пробано некои од овие производи?

Се надевам дека ви се допадна овој блог пост, имајте прекрасен ден и се читаме наскоро!

You Might Also Like

0 comments